Свет
Кинески министер: Во Газа се случува масакр, срамно е што не можеме да го спречиме
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска ја осуди надворешната политика на САД и го пофали партнерството меѓу Пекинг и Москва додавајќи дека хуманитарната ситуација во Газа е срам за цивилизацијата.
Ванг, искусен 70-годишен дипломат, ги осуди повеќекратните обиди на САД да го притискаат Пекинг и нивните напори да ја обвинат Кина под каков било изговор, што достигнало незамисливо ниво.
„Постојано се појавуваат нови начини за притисок врз Кина, а списокот на еднострани санкции постојано се продолжува“, нагласи Ванг Ји додавајќи дека „цврсто се спротивставуваме на секоја хегемонија и заплашување“.
Кинеско-американските односи се затегнати по неколку точки: за прашањето за Тајван и трговијата, потоа тие се ривали во развојот на технологиите и во борбата за влијание во Азиско-Пацифичкиот Регион, како и за прашањето за позициите за човековите права.
Ванг Ји овие изјави ги даде за време на годишната седница на кинескиот парламент.
За прашањето за Тајван, тој предупреди дека лидерите на Тајван, кои бараат независно,ст ќе мора да одговараат за историјата.
Кина го смета Тајван за своја територија, а независноста на островот е поддржана од САД. Ванг Ји исто така,ја отфрли идејата дека Пекинг претставува закана за светскиот поредок.
„Во време на нестабилни и сложени меѓународни односи Кина решително ќе биде сила за мир, стабилност и напредок во светот“, посочи тој.
Ванг Ји ја потврди поддршката на Пекинг за палестинската кауза и уште еднаш побара од ОН да ја признаат целосната палестинска држава.
„Нема добро оправдување за масакрот на цивилите“, нагласи Ванг, додека конфликтот меѓу Израел и Хамас сè уште беснее во Појасот Газа.
„Фактот што денес, во 21 век, оваа хуманитарна катастрофа не може да се запре е човечка трагедија, згора на тоа е срам за цивилизацијата“, додаде тој повторувајќи го повикот на неговата земја за прекин на огнот.
Кинескиот министер во четвртокот ги бранеше и добрите односи на неговата земја со Русија, а Кина е критикувана од Западот поради Украина.
Иако Пекинг повикува на почитување на територијалниот интегритет на сите земји, вклучително и Украина, тој никогаш јавно не ја осудил Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сопругот носел мажи во нивниот дом за да ја злоупотребуваат додека била без свест: Жижел Пелико објави мемоари за случајот со масовното силување
Жизел Пелико (73), Французинка која преживеала бројни силувања додека била без свест, објави мемоари во кои ги опишува траумите што ги претрпела и причините зошто решила да јавно да проговори.
Книгата „Химна на животот“, објавена во вторник, го следи случајот од 2024 година што ја направи Пелико глобален симбол на борбата против сексуалното насилство и ја поттикна Франција да ги реформира законите за силување, објави Ројтерс.
Објаснувајќи зошто се откажала од правото на анонимност, Пелико изјавила дека сака јавноста да ги види лицата на обвинетите и да се прашува како силувачите можат да бидат препознаени меѓу соседите и колегите.
Во своите мемоари, таа го опишала моментот кога полицијата ѝ покажала фотографии од неа во несвест во кревет со непознати мажи и рекла дека 53 мажи дошле во нејзиниот дом за да ја силуваат.
Покрај нејзиниот поранешен сопруг Доминик Пелико, уште 50 мажи беа осудени за силување.
Пелико пишува дека планира да го посети својот поранешен сопруг во затвор за да добие одговори на прашањата за злоупотребата и обемот на злосторството.
Како што рече, сила добила од илјадници писма за поддршка од жени од целиот свет и присуството на граѓани пред судницата додека траело судењето.
Во книгата, таа опишува и како повторно ја пронашла љубовта со маж што го запознала преку пријател, наведувајќи дека „вербата во луѓето станала нејзина сила и одмазда“.
Свет
Шефовите на AI компании и политичарите во Индија разговараат за регулирање на вештачката интелигенција
Вчера во Њу Делхи се отвори Светскиот самит за вештачка интелигенција (AI) за да се дискутира влијанието на претстојната револуција, од вработувањето до заштитата на децата, но учесниците се сомневаат дека ќе бидат преземени какви било конкретни мерки.
Се очекува околу дваесетина шефови на држави и влади да му се придружат на индискиот премиер Нарендра Моди на овој, четврти по ред собир посветен на технологијата што веќе ги трансформира општествата.

A handout photo made available by the Press Information Bureau (PIB) showing Indian Prime Minister Narendra Modi (2-R) after he inaugurates India AI impact Expo 2026 in New Delhi, India, 16 February 2025. India is hosting AI Impact summit 2026 from 16 February to 20 February 2026 in New Delhi. EPA/PRESS INFORMATON BUREAU HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES
До петок во индиската престолнина се очекуваат и повеќето лидери во индустријата за AI, од Сем Алтман, раководител на OpenAI, до извршниот директор на Google, Сундар Пичаи и Јенсен Хуанг, извршен директор на Nvidia, американскиот гигант за микропроцесори.
„Овој самит треба да го збогати глобалното размислување за различни аспекти на вештачката интелигенција, како што се иновациите, соработката и нејзината одговорна употреба“, рече Нарендра Моди на X.
India AI Impact Expo 2026 was a powerful convergence of ideas, innovation and intent.
It showcased the extraordinary potential of Indian talent in shaping the future of Artificial Intelligence for global good.
Above all, it reaffirmed our commitment to harnessing AI… pic.twitter.com/jfVWCP4BHh
— Narendra Modi (@narendramodi) February 17, 2026
Тоа е исто така „доказ дека нашата земја брзо напредува во областа на науката и технологијата“ и „ги потврдува способностите на младите на нашата нација“, додаде тој.
Првите работилници и дискусии што се одржаа вчера го разгледаа потенцијалот на вештачката интелигенција за подобрување на безбедноста на патиштата во Индија и придонесот на жените од Јужна Азија во технолошкиот сектор.
Свет
Полска ги крена превентивно воените авиони поради рускиот напад врз Украина
Полската армија ги крена борбени авиони, а властите во Полска привремено ги затворија аеродромите во Жешов и Лублин поради масовниот напад на Русија врз Украина, објавија денес полските власти.
Оперативната команда на вооружените сили нагласи дека овие акции се од превентивен карактер и имаат за цел обезбедување на воздушниот простор, објавува полската ТВН24.
Поради воената операција, аеродромите во Жешово и Лублин беа привремено затворени, објави денес Полската агенција за воздушен сообраќај (ПАНСА).
Како што објавија украинските медиуми, руските војници утрово масовно ја напаѓаат Украина со ударни беспилотни летала, а во голем број региони е прогласена воздушна тревога, објавува Танјуг.

