Македонија
СДСМ: ДПМНЕ предлага да наведнеме глава и да се откажеме од европската иднина
„ДПМНЕ предлага да наведнеме глава, да чекаме, да не правиме ништо и да се откажеме од нашата европска иднина. Но, што носи тоа, која е алтернативата, да се чека 11 години, како во времето на Груевски? Токму тоа го нуди ДПМНЕ пред граѓаните, откажување од европската иднина, меѓутоа цената од неправење ништо е превисока и за сегашните, но најмногу за идните генерации“, соопшти СДСМ.
„Вистинскиот пат за државата и за граѓаните е европската иднина. Овој пат не лесен, но е реален и дава вистинска надеж за суштински промени.
Единствениот вистински начин да ја промениме нашата земја на подобро зависи од континуираните реформи кои водат кон членство во ЕУ.
Европската иднина е единствената можна светла македонска иднина. Особено сега, кога дојдовме до последниот чекор.
СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот пат, затоа што тоа е вистинскиот пат за подобра иднина“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања
АМСМ информира дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Како што стои во соопштението, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Купови со отпад на паркингот кај гробиштата во Бутел
Повторно купови со отпад на паркингот кај гробиштата во Бутел.
Поранешниот директор на АД „Пошта“, Јани Макрадули на својот Фејсбук профил објави фотографија од состојбата на гробиштата. Како што вели, ова е тажна слика за еден град кој системски се уништува.
Македонија
Земјава нема развиен концепт за менаџирање со дијабетесот, вели Велев
Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари и Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, денеска во Градскиот парк во Скопје под мотото „Сѐ за нас – за нас“, се одржа едукативен настан за подигнување на свесноста за тоа како живеат лицата со дијабет.
Претседателот на Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, Диме Велев, рече дека со реализацијата на проектот се укажува дека лицата со дијабетес се нормални луѓе кои што се дел од заедницата и се придонесува кон уривање на стереотипите кои постојат за лицата со дијабетес.
„Почнавме реализација на проект за подигнување на свеста за користење на новите во технологии во менаџирање со дијабетесот, пред сѐ „CGM“ системите или системи за континуирано мерење на гликоза, за новите технологии во делот на апарати со дигитална размена на податоци, како и за рушење на стереотипите за тоа дека лицата со дијабетес се нешто посебни, тие се многу нормални луѓе кои што се во заедницата“, рече Велев.
Посочи дека целта на целиот проект е да се убедат властите дека луѓето кои што користат „CGM“ системи се работноспособни и присутни во заедницата, како и да се освестат за потребите на луѓето дека имаат многу кратко време за навремена реакција. Вели земјава нема примена на доволно развиен концепт на менаџирање со дијабетес.
„Сѐ уште имаме пречки, затоа што ние немаме доволно луѓе кои што се поставени на „CGM“ системи, во Македонија немаме примена на доволно развиен концепт на менаџирање со дијабетес. Кога сето тоа ќе се воведе, ќе се изгради сета таа нова дијабетес култура, дека е многу нормално да се користи, дека е многу поквалитетно да се користи, тогаш нема да има потреба од нови правила за некое право на човек со дијабетес после пет минути да отиде настрана да касне нешто или да се освежи и да се врати на работа или на училиште“, рече Велев.
Преку интерактивен собир, денеска лицата со дијабетес ТИП 1, особено младата популација до 25 години, имаше можност да се потсети на основните постулати при секојдневното живеење со дијабетес.
На настанот беа поставени штандови со глукомери и ленти за мерење на нивото на шеќер во крвта, како и штандови со корпи и обучени лица на кои граѓаните имаа можност да видат колку јаглехидрати содржи секое овошје или зеленчук.