Свет
Авион ненадејно почнал да пропаѓа за време на летот од Сиднеј до Окленд: најмалку 50 повредени

Најмалку 50 лица се повредени по „инцидент“ на летот на „LATAM Airlines“ од Сиднеј за Окленд.
За време на летот се појавил технички проблем поради кој леталото нагло се расипало, јавуваат локалните медиуми.
Службите за итни случаи соопштија дека околу 50 лица биле прегледани и укажана им е помош на местото на настанот, при што едно лице е во тешка состојба, а останатите во полесна состојба.
Околу 13 лица се пренесени во болница на лекување, се додава во извештаите.
Авионот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ слета на аеродромот во Окленд според планираното во понеделникот попладне по локално време.
„LATAM Airlines“ има редовни линии меѓу Сиднеј, Окленд и главните центри во Јужна Америка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан: Трамп „ја изеде за појадок“ фон дер Лајен

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, коментирајќи го трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, живописно оцени дека тоа не е договор, туку дека американскиот претседател Доналд Трамп „ја изел претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за појадок“, објави унгарската новинска агенција МТИ.
Орбан во онлајн емисија наречена „Борбен час“ изјави дека однапред го очекувал овој исход, со оглед на тоа што американскиот претседател е „тешкаш“ за разлика од претседателката на Европската комисија, која е „лесна“.
„Позицијата на американскиот претседател беше многу постабилна, додека позицијата на претседателката на Комисијата отсекогаш беше покревка“, додаде тој.
САД неодамна склучија сличен договор со Обединетото Кралство, кој е „многу подобар од овој“, смета Орбан. Тој додаде дека европскиот договор тешко дека ќе може да се претстави како успех.
Свет
Медведев: Трамп ја „разгали“ Европа

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на Телеграм го коментираше трговскиот договор што ЕУ го потпиша со Америка.
Во текстот „Трамп ја разгали Европа“, Медведев вели дека овој вид договор има целосно антируска природа.
„Мора да се признае дека, и покрај неговите екстремни противречности во неговите изјави и постапки, Доналд Трамп е доста доследен во едно нешто – тој брутално ги турка економските интереси на својата земја.
Сегашниот „договор“ со Европската Унија: е целосно понижувачки за Европејците, бидејќи му користи само на САД – ја укинува заштитата на европскиот пазар и ги прави тарифите за американските стоки бесмислени; создава огромни дополнителни трошоци за индустријата и земјоделството во многу земји од ЕУ поради плаќање за скапи американски енергетски производи; пренасочува моќен тек на инвестиции од Европа кон САД;
И секако, „договорот“ има исклучително антируска природа, бидејќи забранува купување на нашата нафта и гас. Но, додека за Трамп тоа е првенствено бизнис, за една изнемоштена старица по име Европа – тоа е дел од неонацистичката идеологија која ја напаѓа благосостојбата на сопствените граѓани.
Може да се изрази само сочувство кон обичните Европејци. Најдоброто нешто за нив сега би било да започнат напад врз Брисел, со цел да ги обесат сите комесари на ЕУ на јарболите на земјите од ЕУ – вклучувајќи ја, секако, и лутата баба Урсула. Секако, нема да помогне, но барем ќе биде забавно“, објави Медведев.
Фото: принтскрин
Свет
Мерц: Со договорот со САД, успеавме да спречиме трговски конфликт

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и ирскиот премиер Мајкл Мартин го поздравија договорот за царини меѓу ЕУ и САД, велејќи дека е избегната трговска војна што ќе ги погодеше економиите на двете земји, објавија светските агенции.
Договорот беше постигнат за време на вчерашниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и значи царини од 15 проценти за речиси целиот европски извоз во САД.
Ирска, со голема фармацевтска индустрија, беше на првата линија на нападот заедно со Германија, за која САД се главен пазар за автомобили, челик и машински алати.
Европските земји не се сите подеднакво изложени на американскиот пазар и затоа не би ги претрпеле истите последици доколку претседателот Доналд Трамп ги исполни своите закани за воведување царини од 30 проценти на Европската унија (ЕУ).
„Со договорот, успеавме да спречиме трговски конфликт што силно ќе ја погодеше извозно ориентираната германска економија“, рече Мерц.
Ова особено се однесува на автомобилската индустрија, каде што сегашните царини од 27,5% се речиси преполовени, додаде тој, како што објави германската новинска агенција ДПА.
Мерц нагласи дека е добро што се избегнува непотребна ескалација во трансатлантските трговски односи.
„Единството на Европската унија и напорната работа на преговарачите се исплатија“, тврди тој.