Свет
Нетанјаху: „Ќе влеземе во Рафа, имам и јас свои црвени линии“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/netanjahu.jpg)
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги бранеше своите политики и одлуки во врска со Појасот Газа откако американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека израелскиот лидер „повеќе го повредува Израел отколку што му помага“.
„Не знам точно што сакаше да каже претседателот, но ако сакаше да каже дека јас водам приватна политика против желбите на мнозинството Израелци и дека тоа им штети на интересите на Израел, тогаш тој греши по двете точки“, изјави Нетанјаху за западните медиуми.
Бајден ги даде своите забелешки за време на интервјуто за MSNBC кога рече дека Нетанјаху „треба да посвети поголемо внимание на невините животи кои се изгубени како резултат на акциите преземени во Газа“.
Нетанјаху рече дека има намера да продолжи со инвазијата на градот Рафа во јужниот дел на Газа и покрај предупредувањето на Бајден дека тоа ќе биде црвена линија.
„Ќе одиме таму. Нема да ја напуштиме Газа. Знаете, и јас имам црвена линија. Знаете која е црвената линија за да не се повтори 7 октомври“, рече Нетанјаху нагласувајќи дека операцијата нема да трае подолго од два месеца, но не наведе детали за временската рамка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Асанж пристигна во Австралија: емотивна средба со сопругата и неговиот татко
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/677z381_asanz-kanbera.jpg)
Џулијан Асанж, кој од денеска и официјално е слободен човек, се врати во Австралија, а најемотивната средба ја имаше со сопругата Стела.
Julian Assange greets his supporters at the fence and kisses his wife after touching down a free man #auspol pic.twitter.com/HQ4JbyWKvH
— Sarah Basford Canales (@sbasfordcanales) June 26, 2024
Откако авионот слета на аеродромот во Канбера, Асанж излегол од авионот, а го пречекале бројни новинари и поддржувачи кои аплаудирале и скандирале за него.
Камерите го снимиле моментот кога Асанж ја прегрнал сопругата, ја кренал од земја и ја бакнал, а потоа го прегрнал и татко си.
Свет
Кремљ се огласи за Асанж: Сите го добија тоа што го сакаа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/kremlj-moskva.jpg)
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека секој го добил она што го сакал кога станува збор за признавањето на вината и ослободувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
– Овде зборуваме за судски договор. Како што разбрав, секој го доби она што го сака. Нема што да се додаде, ништо да се коментира – изјави Песков на новинарите.
Асанж беше формално ослободен пред американскиот суд на Маријанските Острови, откако се изјасни за виновен по едното обвинение за кршење на Законот за шпионажа според договорот со американското Министерство за правда.
Основачот на „Викиликс“ потоа отпатува во родната Австралија.
Регион
Најмалку едно лице е убиено во масовна тепачка во затвор во Грција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/zatvor-960x614.jpg)
Во најголемиот затвор во Грција, Коридалос, дошло до тепачка меѓу осуденици, во која животот наводно го загубил најмалку едно лице, а има и повредени.
Како што пишуваат грчките медиуми, дошло до тепачка меѓу затвореници од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се сместени претежно осудените за најтешки кривични дела.
Во овој момент не се знае како дошло до тепачката ниту кој е убиен.
Според неофицијални информации, едно лице е избодено со нож.