Македонија
Мицкоски уште еднаш потврди дека со него и со ДПМНЕ нема членство во ЕУ, велат од СДСМ

Нема членство во ЕУ со Мицкоски и ДПМНЕ. Тоа денеска Мицкоски самиот го потврди признавајќи дека патот за македонските граѓани во ЕУ е невозможен со ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„Мицкоски вели дека ова не се избори помеѓу Европа и изолација, но во исто време промовира дефетистички ставови кон напредокот на земјата на патот кон ЕУ. Тоа на сите им е јасно. Не постои партија која повеќе ја оддалечила Македонија од членство во меѓународните организации од неговата. Очигледно на Мицкоски полесно му е да го блокира патот на кон ЕУ и да ја врати земјата десет чекори назад, во времето на изолацијата, кога реалниот напредок, просперитетот и европските интеграции беа само мисловна именка“, посочуваат од СДСМ.
Од друга страна, како што додаваат, СДСМ покажа дека искрено работи на интеграцијата на земјата.
„Северна Македонија е членка на НАТО, а за време на новиот мандат на Пендаровски и Ковачевски нашата држава ќе стане рамноправна членка на Европската Унија. Граѓаните не сакаат државата да ја води политичар што ќе ја врати во „подрумот на Европската Унија“. Граѓаните сакаат јазна визија за иднината, визија која носи надеж, напредок, развој и европски животен стандард. И како што би рекол Мицкоски: „Ги повикуваме граѓаните да излезат на избори и да одлучат во каква држава сакаат да живеат“. Едниот избор е рамноправна и просперитетна членка на ЕУ, а другиот е изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре“, завршуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Црноризец Храбар. (општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 11 во Горно Соње. (општина Сопиште)
Македонија
Променливо облачно со слаб северен ветер, попладне врнежи од дожд

Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен.
Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
До петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка.Температурата на воздухот значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневната температура
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на булеварот Партизански Одреди бр. 59а, без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од булеварот 8-ми Септември до Франклин Рузвелт. (општина Карпош)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.