Свет
„Сурова, криминална и фашистичка влада“: Ердоган не штедеше зборови за Нетанјаху, ги нападна и западните земји
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган апелираше до меѓународната заедница да изврши поголем притисок врз Израел за да се осигура дека повеќе хуманитарна помош ќе биде доставена до Појасот Газа, додавајќи дека Анкара ќе ја зголеми количината на хуманитарна помош што ќе ја испрати за време на светиот муслимански месец Рамазан.
Ердоган ги критикуваше западните земји дека го поддржуваат Израел, велејќи дека му дале можност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да изврши „дивјачки напади“ врз Појасот Газа поради нивниот „неодлучен став“, пренесува Ројтерс.
„Што и да направи израелското раководство, не може да ја сокрие реалноста дека е убиствена, сурова, криминална, лажлива и фашистичка влада“, рече Ердоган.
Тој посочи дека повиците на западните земји за смиреност се бесмислени, додека поддршката за Израел продолжува.
„Сите добро знаеме дека се додека продолжуваат нападите врз Газа и опсадата, количината на помошта не е доволна. Најитно е да се зголеми бројот на камиони кои минуваат низ преминот Рафа. Секако, неопходно е да се изврши притисок врз Израел во оваа смисла“, рече турскиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

