Скопје
Стефковски: Изградена е карабината, Булачани добива училишна сала по 60 години
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи увид на градежните работи за изградба на новата училишна сала во Булачани.
За посетата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук.
„Завршува првата фаза од изградбата на новата училишна сала во Булачани! Направивме увид на градежните работи на новата училишна сала во општинското основно училиште Наум Охридски во Булачани. Она што го констатиравме е дека завршува првата фаза од изградбата во која целосно е изградена карабината на салата. Дополнително во тек е изборот на економски оператор кој ќе ја реализира втората фаза со која комплетно ќе се заврши изградбата и ќе се набави потребната опрема. Силно верувам дека ќе успееме на почетокот на новата учебна година да ја пуштиме во употреба новата сала која се гради по 60 години од постоењето на училиштето. Ова е време на големи промени! За нашата општина! За нашиот народ“, напиша Стефковски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




