Скопје
Нов спортски терен во Аеродром – инвестиција вредна 23 милиони денари
Со вкупна инвестиција од 23 милиони денари кои треба да се инвестираат во следните шест месеци, на местото на старото спортско игралиште во Реонски центар, Аеродром ќе добие нов и модерен фудбалски терен. Проектот се реализира како дел од јавно – приватно партнерство помеѓу Општина Аеродром и приватна компанија. Станува збор за соработка која ќе резултира со целосно нов репрезентативен спортски објект, направен по сите стандарди, каде ќе може да се одржуваат спортски натпревар од сите домашни натпреварувања, известува општина Аеродром.
Градоначалникот Муцунски во видео објавено на неговата Фејсбук страна истакна дека проектот се реализира со поддршка на приватна компанија која треба да направи реконструкција на спортскиот терен кој подолг временски период беше запоставен, со цел да се обезбедат подобри услови за фудбалските школи во Аеродром и нова локација каде ќе одржуваат спортските натпревари.
Во рамки на инвестицијата предвидено е спортското игралиште да добие нова повеќеслојна подлога погодна за терен со вештачка трева, а истовремено да биде извршена и целосна санација на металната конструкција, трибините и заштитната мрежа. Дополнително, ќе бидат поставени нови клупи за резервни играчи со кабини од плексиглас, како и целосна реконструкција на соблекувалните, се додава во соопштението на општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја делови од општините Илинден и Кисела Вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Кисела Вода.
Од 08:30 – 09:30 часот, корисниците од улицата бр. 34 во населба Илинден, општина Илинден ќе немаат струја.
Без електрична енергија од 09:00 – 13:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улицата Востаничка во општина Кисела Вода.
Скопје
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Скопје
Делови од општина Карпош денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Карпош.
· во пеиодот од 09.00 до 15.00 часот дел од корисниците во село Горно Нерези во општина Карпош.
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот корисниците од дел од улицата Ринхини и улицата Езерци – населба Влае во општина Карпош.