Скопје
Со низа активности Општина Аеродром одбележува 19 години постоење

Аеродром е општина што инвестира во децата и младите. Преку низа проекти и инвестиции во изминатиот период Општината покажа грижа за нив и овозможи подобри услови за спорт, рекреација и едукација, информираат од Општината.
„Токму во духот на младост и радоста, со неколку настани и разни спортски и музички активности, денес се одбележа 19. роденден на општината. Во нив учество зедоа учениците од основните училишта и детските градинки, а Аеродром уште еднаш покажа дека е најубавата, најурбана и најспортска средина, а аеродромци се учат да ја чуваат и негуваат уште од најмала возраст“, се истакнува во пишаниот допис.
Градоначалникот Тимчо Муцунски преку социјалните мрежи го честита јубилејот, притоа упати благодарност до сите што учествува во активностите и го направија овој ден посебен.
Додаваат дека пораките изработени од учениците од основните училишта и градинките, а кои се однесуваат на желбата за поубава, позелена и почиста општина, ќе останат највисоко во приоритетите на Општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)