Скопје
Герасимовски: Почна реконструирањето на тротоарот на улицата Народен фронт
Општинските служби го почнаа реконструирањето на тротоарот на улицата Народен фронт во населбата Капиштец. Станува збор за реконструкција на тротоарот по должината на целата улица. Тој е 40 % оштетен поради што е небезбедно за пешачење, особено за повозрасните граѓани и мајките со колички и бебиња. Во следниот период оштетените и искршени коцки ќе бидат заменети со нови, а другите ќе бидат нивелирани. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, потенцира дека вложувањето во реконструкција на тротоарите е влог во безбедноста на пешаците и другите учесници во сообраќајот.
„Почнавме со реконструкција на тротоарите пред полниот ек на сончевите денови и зголемената фреквенција на граѓани. Тротоарот е оштетен и бара санирање за непречено и безбедно пешачење на сите граѓани. Ќе биде реконструиран по должината на целата улица од речиси 2 км. Зафатот треба да биде завршен за еден месец по што граѓаните ќе може непречено да го користат за утрински или попладневни прошетки“, вели Герасимовски.
Општина Центар изминатиот период реконструира тротоари на неколку улици, изведе нови пешачки патеки, со кои го олесни пристапот за движење на граѓаните. И во иднина продолжува да вложува во подобра инфраструктура за побезбеден сообраќај на возачите и пешаците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Неколку скопски општини утре ќе останат без струја
Без електрична енергија утре од 07:00 до 16:00 часот ќе останат дел од корисниците во населените места Волково и Кучково, општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа.
Скопје
Дел од Карпош без струја
ЕВН Македонија АД и Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, ги известува граѓаните дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· Во период од 09:00 – 12:00ч дел од корисниците во с. Бардовци ( о.Карпош);
· Од 09:30-14:00ч корисниците од ул.Дрезденска (о.Карпош).
Скопје
Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.
„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.