Регион
Сеизмолог од Црна Гора за земјотресот што утрово го разбуди Балканот: Граѓаните се вознемирени, имало уште 30 потреси
Срѓан Цековиќ од Сеизмолошкиот институт на Црна Гора за РТС изјави дека секторот регистрирал земјотрес посилен од 5,43 степени според Рихтеровата скала кај Чароѓ.
Како што потврди тој, длабочината на земјотресот бил на 14 километри под земјата. Цековиќ изјавил дека ваков земјотрес може да предизвика материјална штета.
„Имавме многу повици, имаше вознемиреност. Доброто е што епицентарот бил во ненаселено место“, вели Цековиќ.
Тој посочи дека во Србија земјотресот најмногу се почувствувал во околината на Нова Варош, Нови Пазар и Пожега.
Тој истакна дека главниот земјотрес бил проследен со уште 30 последователни потреси.
Како што рече, засега нема извештаи за материјална штета.
„Сите граѓани на Црна Гора и на целиот свет треба да научат да живеат со природни катастрофи, кога ќе има земјотрес, нема место за паника“, вели Цековиќ.
Во раните утрински часови, во 4.06 часот, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван и во цела Хрватска и Босна и Херцеговина, но и во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ се огласи за штрајкот со глад на Весиќ: Министерот во оставка одбива храна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по посетата на штандовите на саемот за вино пред новинарите се изјасни за штрајкот со глад на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во заминување, Горан Весиќ.
Вучиќ рече дека му е жал поради тоа.
– Жал ми е поради тоа, ако можам на кој било начин да стапам во контакт со него, ќе го замолам да не го прави тоа. Тоа е се што можам да кажам – рече претседателот.
Српеските медиуми потсетуваат дека Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија пет дена по трагедијата во Нови Сад.
Откако вчера излезе веста дека министерот во оставка Весиќ е меѓу 11-те уапсени за падот на настрешницата, тој на својот Фејсбук профил
објави:
„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад.
Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани.
Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, рече тој.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.
Регион
Силен земјотрес во Грција: се стресе островот Кос
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри од градот Кефалос на островот Кос на длабочина од 104 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета.