Македонија
Лефков: Пендаровски призна дека тој и Владата ѝ дале на Бугарија можност да нè блокира на патот кон ЕУ за историски прашања секогаш кога ќе сака

И Стево Пендаровски призна дека владата на СДС и ДУИ и тој како претседател ја ставиле државата во подредена положба на Бугарија, и го врзале нашиот напредок кон ЕУ на желбата на Бугарија и нејзината интерпретација на историјата, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
„Самиот Пендаровски кажа дека откако историските комисии од двете држави ќе се согласат за одредена личност тоа треба да го прифатат двете влади, ако двете влади не се согласат, тогаш следува вето од Бугарија на патот на Македонија кон ЕУ. Го прашуваме Стево Пендаровски дали уште е на овој став или и тој го сменил, или треба првин да праша во СДС дали може да има уште таков став? Стево може да побара одобрување или да најде изговор или нова интерпретација, но фактот дека тој и СДС и ДУИ ја заглавија Македонија нема да се смени“, вели тој.
Според Лефков, Стево Пендаровски е најконфузниот политичар кој некогаш бил избран на било каква функција во Македонија.
„Со Стево Пендаровски имаме измеќар на СДС и ДУИ. Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме“, завршува Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на регионалниот пат во село Доброшане кон Свети Николе до место викано Студена Вода ќе биде во прекин, извести АМСМ.
Исто така во време од 09:00 часот до 14.00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на стариот пат за Крива Паланка на потег на место викано Салон кај ресторан Фемили па по регионалниот пат Куманово кон граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за наредниот ден.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Муцунски ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи: зајакнување на односите меѓу двете земји во фокусот на разговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во 12:00 часот, во рамки на работната посета на Атина, ќе оствари средба со неговиот хомолог, министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Гераптеритис.
Како што извести Министерството, во фокусот на разговорите се очекува да бидат идните активности за зајакнување на односите и соработката меѓу двете земји, со акцент на економската и енергетската соработка и инфраструктурното поврзување.
Европската интеграција на регионот, како и актуелните геополитички случувања, исто така ќе бидат дел од темите за кои ќе се разговара, водени од заедничкиот интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет на двете земји како непосредни соседи и НАТО-сојузници, се додава во соопштението на Министерството.