Македонија
Бојмацалиев: ЕВР Ѓорче Петров со 50 отсто реализација на кривични дела по службена должност
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари работна средба со раководството на Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при Секторот за внатрешни работи Скопје, во рамките на серијата посети на организациските единици при МВР на територијата на целата државата, со цел согледување на сработеното и маркирање на идните активности.
Полициската станица во Ѓорче Петров е дел од планот за квалитативно унапредување на работните услови на вработените како нова градба што беше пуштена во употреба кон крајот на 2017 година од поранешниот министер Спасовски, со што значително беа подобрени работните услови на вработените. Во рамките на планот за материјално-техничко подобрување на условите и средствата за работа се и 80-те комплетно реконструирани полициски објекти во државата, а во тек е целосна реконструкција на Центарот за обука во Идризово и управните служби во МРТВ, како и нова градба на полициска станица во Аеродром. Воедно, пред три месеци беа промовирани 20 комбиња наменети за СВР Скопје, од кои некои беа предадени на ЕВР Ѓорче Петров, во насока на модернизирање на опремата на полицијата на ова подрачје.
Од страна на раководството на ЕВР Ѓорче Петров, Бојмацалиев беше брифиран за поволната безбедносна состојба на подрачјето во надлежност на оваа организациска единица, како и за резултатите во изминатите два месеци од 2024 година.
„На подрачјето на ЕВР Ѓорче Петров во текот на јануари и февруари 2024 година евидентирани се 103 кривични дела по службена должност или 15 % од евидентираните кривични дела по службена должност на СВР Скопје. По структурата на криминалитетот, најголем дел се за тешка кражба, загрозување на безбедноста на сообраќајот, како и измами и разбојништва“, рече Бојмацалиев. Притоа тој информира за реализацијата на кривичните дела.
„За овие два месеца реализирани се вкупно 48 кривични дела против 35 сторители за што се поднесени 43 кривични пријави или тоа значи 50 % реализација на кривичните дела“, рече Бојмацалиев со уверување дека вработените во оваа организациска единица ќе продолжат со засилено темпо во расветлувањето на кривичните дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски на средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со европскиот комесар за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер.
На средбата министерот Муцунски го истакна континуираниот ангажман на земјата во процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во областа на внатрешните работи и миграцијата. Тој ја нагласи посветеноста кон унапредување на институционалните капацитети и спроведување на реформите во оваа област, со цел натамошно усогласување со европските правила и стандарди.
Соговорниците разговараа за продлабочување на соработката во управувањето со миграциите, вклучително и партнерството со Фронтекс, борбата против нелегалната миграција и организираниот криминал, визната политика, како и континуираната размена на информации и искуства.
Посебно внимание беше посветено на имплементацијата на Системот за влез/излез на Европската Унија (Entry/Exit System). Министерот Муцунски укажа на практичните импликации од неговата примена, особено во однос на професионалните возачи и транспортниот сектор, кои се соочуваат со конкретни оперативни и финансиски предизвици. Во таа насока, тој ја нагласи важноста од продолжување на напорите за изнаоѓање практични и навремени решенија преку конструктивен дијалог со Европската комисија и земјите членки, со цел зајакнување на поврзаноста и обезбедување непречено одвивање на трговските текови
Македонија
Гаши – Грлиќ Радман: Континуирана и цврста поддршка за евроинтеграциите
Претседателот на Собраниетo на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во дводневна официјална посета на државата. На средбата присуствуваше и генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска.
Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната и цврста поддршка што Република Хрватска ѝ ја дава на европската перспектива на државата, како и за севкупната билатерална соработка што се развива во духот на меѓусебна почит, разбирање, солидарност и партнерство. Тој нагласи дека особено се цени подготвеноста на Хрватска да ја споделува својата драгоцена експертиза и искуство од процесот на пристапување и водењето на преговорите за членство.
Беше истакната и важноста на сојузништвото и соработката во рамките на НАТО, каде што двете држави се силно посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности, принципи и одговорности на Алијансата.
Двајцата соговорници се сложија дека политиката на проширување на Европска Унија претставува стратешка инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на регионот како и на целиот европски континент, а беше поздравена и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со што Република Северна Македонија покажа дека е кредибилен партнер.
Исто така, соговорниците нагласија дека Република Северна Македонија и Република Хрватска секогаш негувале пријателски однос, базиран на висока почит кон човековите, националните, културните права на малцинствата кои студираат, работат или живеат во двете држави, што претставува позитивен пример во регионот и пошироко.
Гаши изрази увереност дека посетата на министерот Грлиќ Радман ќе придонесе за дополнително зацврстување и унапредување на односите меѓу двете држави на сите полиња од заеднички интерес, како и дека Република Северна Македонија и натаму ќе смета на силната хрватска поддршка за нејзина интеграција во Европската унија.
Македонија
Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај
На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава.
Претседателите одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на албанската делегација.

Во фокусот на разговорите беа севкупните билатерални односи, кои се традиционално пријателски и партнерски, како и можностите за нивно понатамошно продлабочување во повеќе сфери од заемен интерес.
Соговорниците разменија мислења за европските аспирации на двете држави, соработката во рамките на НАТО алијансата и актуелната безбедносна состојба на европскиот континент, како и за соработката во рамки на регионалните иницијативи.

Беше изразена подготвеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и институционалната соработка, во интерес на граѓаните на двете држави.

