Црна хроника
Казна од 400 евра за маж од Косово, кој вчера со „порше“ возел 207 километри на час на влезот од Тетово

Вчеравечер, од 20 до 22 часот, полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите што управуваат возила со брзина поголема од пропишаната со користење на таканаречениот ноќен радар.
„При контролата биле констатирани вкупно 7 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Едно од пречекорувањата регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, било најголемо, а измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот на патничкото моторно возило ‘порше’, С. Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е поднесок и ќе се соочи со глоба од 400 евра“, соопшти СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар во стан во Делчево, 16-годишно девојче побарало медицинска помош

Синоќа во 00.19 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во Делчево настанал пожар во стан, сопственост на Ф.Д., во кој во моментот немало никој.
Од Територијалната противпожарна единица Делчево, пожарот е изгаснат.
Подоцна, во 02.00 часот во Итната медицинска помош Делчево, 16-годишна малолетничка, која живее во истата зграда, побарала помош поради отежнато дишење. Извршен е увид.
Црна хроника
Тепачка на „Партизанска“ – малолетник избоден со остар предмет

Малолетник бил избоден со остар предмет на „Партизанска“ во Скопје.
Според информациите на МВР, СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 02.06.2025 на бул. „Партизански oдреди“ во Скопје, пријавениот, по претходна расправија, со остар предмет му нанел убодни рани на 17-годишник.
Црна хроника
Кривична за охриѓанец: при претрес пронајдено оружје во неговата куќа

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(27) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
При претрес извршен по судска наредба во неговата куќа во охридското село Сирула, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 2 ловни и 1 пневматска пушка кои, пријавениот ги поседувал без соодветна дозвола.
При тоа, одземено е и оружје за кое пријавениот поседувал соодветна дозвола.