Црна хроника
Прилепчанка прскала со бензин во кафеана и се заканувала дека ќе ја запали
32-годишна прилепчанка е приведена откако синоќа влегла во угостителски објект, прскала со бензин и се заканувала дека ќе го запали.
„На 16.03.2024 во 22.10 часот во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода К.И.(32) од Прилеп поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по чл. 288 од КЗ. Имено, на 16.03.2024 околу 22 часот во ОВР Прилеп Т.К.(61) од Прилеп пријавил дека околу 21.30 часот во неговиот угостителски објект во Прилеп влегла К.И. и со шише наполнето со запалива течност прскала по подот и се заканувала дека ќе го запали објектот“, велат од полицијата.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

