Спорт
Штрајх го напушта Фрајбург по повеќе од 12 години
Тренерот на Фрајбург, Кристијан Штрајх, по повеќе од 12 години ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, објави клубот. Штрајх, кој е на клупата на Фрајбург од јануари 2012 година, реши да не го продолжи договорот.
Штрајх, во Фрајбург кина 29 години, пред да го преземе првиот тим, ги тренираше младинските категории.
„Долго размислував и имав многу дискусии, но верувам дека е вистинско време да отстапам место на нова енергија, нови луѓе и нови можности“, вели 58-годишниот Штрајх во видеото објавено на клупската веб-страница.
Под негово водство, Фрајбург го доживеа најпросперитетниот период во својата историја. Во сезоната 2022/23 првпат во историјата го одведе клубот до осминафиналето на Лигата на Европа, а во 2022 година не успеа да го постигне најголемиот успех, Фрајбург го загуби од Лајпциг финалниот меч во Купот на Германија.
Штрајх добиваше понуди од неколку германски клубови со поголеми буџети, но секогаш избираше да остане во Фрајбург.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Манчестер јунајтед има најголема вредност во светот на фудбалот
Порталот „Спортико“, специјализиран за бизнис во спортот, објави листа на највредните фудбалски клубови во светот во моментов. Прв на листата е Манчестер јунајтед со вредност од 6.200.000.000 долари.
Втор на листата е финалистот во Лигата на шампионите Реал Мадрид со вредност од 6.060.000.000 долари, додека трета е Барселона со 5.280.000.000 долари.
На четвртото место е Ливерпул со 5.110.000.000 долари, а Баерн Минхен е на петтото место со 4.880.000.000 долари.
Интересно, Манчестер сити е на шестото место со вредност од 4.750.000.000 долари и покрај огромните инвестиции. Меѓу првите 20 на листата има пет клуба од МЛС лигата.
Во анализата „Спортико“ ги зема во предвид податоците за се она што е во сопственост на клубот, од стадионот до играчите и фирмите кои работат во рамките на клубовите.
Еве ја листата на 20. највредни фудбалски клубови во светот:
Спорт
Баерн 12 години немал вака лоша сезона
Оваа сезона фудбалерите на Баерн ги загубија сите три битки и остануваат без трофеј за прв пат по 2012 година.
Откако ја загубија титулата во Бундеслигата, каде што беа неприкосновени претходните десет години, во средата вечерта останаа без шанса да се борат за единствениот трофеј што остана на нивниот список, Лигата на шампионите.
Тие беа шокантно елиминирани од Реал во полуфиналето, со головите во 88. и 91. минута и со тоа ја загубија последната шанса за спас на сезоната.
Да потсетиме, Баер Леверкузен сезонава ја освои титулата во Германија, убедливо и доминантно, додека во 1/16-финалето на Купот избраниците на Тухел сензационално беа елиминирани од третолигашот Сарбиркен.
Последен пат Баерн заврши сезона без трофеј во 2012 година.
Тогаш Баварците во финалето, на домашен терен беа поразени од Челси во Лигата на шампионите, во Бундеслигата го зазедоа второто место зад Борусија Дортмунд, од која загубија и во финалето на Купот.
Спорт
Шекил в лице му кажа на Јокиќ дека не трабаше да биде МВП
Никола Јокиќ и Шекил О’Нил имаа интересен разговор, откако српскиот кошаркар по трет пат беше прогласен за МВП на НБА.
О’Нил смета дека Шеј Гилџис-Александер требало да биде МВП и тоа в лице му го кажа на најдобриот играач на Денвер Нагетс.
„Џокер, како претседател на Здружението на центри, ти си потпретседател на Здружението. Знаеш дека те сакам, ти си најдобар играч во лигата. Сакам да ти честитам, но сакам прво да слушнеш од мене Мислам дека Шеј требаше да биде МВП.
„Благодарам, Шек. Не ги осудуваме луѓето овде, знаеш, така што е во ред. Тоа е твое мислење. Само се шегувам”, рече центарот на Денвер со насмевка.
О’Нил тогаш подвлече дека нема ништо против него.
„Те сакам, ги сакам твоите браќа. Едно нешто што секогаш ќе правиме е да бидеме искрени еден со друг. Честитки. Те сакам”.
Јокиќ му одговори:
„Не, сериозно, мислам дека има многу луѓе, многу играчи кои го заслужуваат ова. Знаете, веројатно се мали нешта и ситници. Но, зад нас е тежок период. Загубивме два натпревари дома од Минесота. Утре одиме во Минесота да се обидеме да ја вратиме серијата дома“.