Спорт
Поп за Вембањама: Сите мои најдобри вина се постари од него
Во својата прва НБА сезона, Французинот Виктор Вембањама докажува дека големиот интерес што го предизвика неговиот трансфер во Сан Антонио е оправдан. Вемби беше први пик на драфтот, а во својата прва сезона покажува дека е генерациски талент.
Во 60. натпревари што ги одигра досега оваа сезона, тој има просек од 20,8 поени (46% од поле, 32% за три, 80% пенали), 10,4 скока, 3,5 асистенции, 3,5 блокади.
Изминатата ноќ, Вемби одигра историски меч, во победата над Бруклин забележа 33 поени 15 скока, 7 асистенции, 7 блокади и 4 загубени топки.
Сигурно е дека најголемите заслуги за неговата брза адатација во НБА има Грег Попович, тренерска легенда во НБА.
„Вембањама е мултиталентиран млад чове“. Ќе ни покаже работи кои никогаш не сме ги виделе. Денешниот натпревар беше еден од нив. Тој е се подобар во контакт играта, се навикна дека противничката одбрана посебно внимава на него. Тој е во тешка позиција и одлично се справува со тоа“, изјави „Поп“ по уште една фантастична партија на младиот Французин.
Дали тренерот Попович е возбуден што ќе продолжи да работи во НБА во следните пет години?
„Се возбудувам само кога ќе видам дека имам постаро шише француско „Бордо“ и се грижам дека не е премногу старо, а потоа сфаќам дека всушност е совршено. И сите мои најдобри вина се постари од Виктор. Тоа е вистината“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн наредната недела ќе реши кој ќе биде наследникот на Тухел
Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес изјави дека очекува клубот да донесе одлука за нов тренер во рок од една недела.
Баерн во февруари објави дека тренерот Томас Тухел ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, една година пред истекот на неговиот договор, поради незадоволителни резултати.
„Мислам дека ќе донесеме одлука за една недела“, изјави Хенес за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Откако беше објавено дека 50-годишниот тренер ќе го напушти клубот, Баерн се обиде да ги доведе тренерот на Баер Леверкузен Чаби Алонсо и селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, кои одлучија да останат со своите тимови.
Се шпекулира дека Баерн преговара со селекторот на Австрија, Ралф Рангник.
Баерн оваа сезона не успеа да ја одбрани шампионската титула во Бундеслигата, но ќе има можност да се бори за трофејот во Лигата на шампионите, противник во полуфиналњто ќе му биде Реал Мадрид.
Спорт
Лестер се враќа во Премиер лигата
Фудбалерите на Лестер се вратија во Премиер лига. „Лисиците“ во елитата ги врати поразот на нивниот конкурент Лидс кај Квинс Парк Ренџерс (0:4).
Лестер со 94 бода и до крајот треба да одигра уште два натпревари, додека Лидс има 90 бода и уште еден натпревар до крајот на сезоната. Ма третото место се наоѓа Ипсвиќ со 89 поени и до крајот на сезоната треба да одигра уште ри натпревари.
За Лестер е најважно што обезбеди едно од првите две места кои обезбедуваа директно место во Премиер лигата.
По поразот од Квинс Парк Ренџерс, второто место, кое гарантира директен влез во Премиер лигата, опасно му виси на Лидс, бидејќи му се заканува третопласираниот Ипсвич, кој има 89 бодови и натпревар помалку.
Минатата сезона Лестер испадна од елитната дивизија, а во 2016 година сензационално беше шампион на Англија.
Спорт
(Видео) Дончиќ на натпреварот дојде во спектакуларен автомобил
Лука Дончиќ го предводеше Далас до победата над ЛА Клиперс 101-90, а вниманитетот го привлече пред натпреварот со розово-виолетовиот Шевролет.
Дончиќ мечот со Клиперс го заврши со 22 поени, десет скока и девет асистенции.
Шевролетот е дел од кампањата за патики „Luka 3“, под покровителство на најдобриот кошаркар во историјата Мајкл. Јордан.
Luka Doncic arrived in a “Midnight Racer” wrapped ’68 Camaro — inspired by the next colorway of his Jordan Luka 3s pic.twitter.com/E5CaGZHAEV
— Nick DePaula (@NickDePaula) April 26, 2024