Македонија
Пендаровски донирал половина милион денари од покачената плата, прашува кој функционер од ВМРО-ДПМНЕ донирал барем 1 денар
Претседателот Стево Пендаровски и сопругата со години наназад донираат од своите лични примања на граѓани кои имаат потреба од материјална помош, извести попладнево неговата прес-служба. Известувањето следи по јавно упатеното прашање до претседателот од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски кој праша дали го остварил ветувањето дека ќе го донира покачувањето, а како доказ побара изводи од трансакциски сметки.
„Од денот кога платите на избраните и именуваните лица се покачија за 78%, претседателот Пендаровски како што вети, секој месец донира средства од својата плата. До овој момент имаме прецизна евиденција за донирана сума во висина од над 500.000 денари за лекување на наши сограѓани, поддршка во обезбедување на здравствени услуги и медицинска терапија, помош на лекување на наши сограѓани во странство, образовни алатки и учебни помагала за ученици, компјутери за ученици, поддршка за матуранти, плаќање на режиски трошоци и други средства за социјално ранливи граѓани. Бонус прашања за Александар Николоски: Дали тој како пратеник на ВМРО – ДПМНЕ има донирано барем еден денар од неговата за 78% зголемена плата и кому? Дали знае дали кој било пратеник на ДПМНЕ, градоначалник на ДПМНЕ или директор на јавно претпријатие од редовите на ДПМНЕ имаат донирано дел од својата плата од моментот кога им е зголемена за 78%, колку и кому?“, стои во известувањето од прес-службата на претседателот.
Платите на функционерите беа покачени за 78 отсто во март минатата година. Во истиот период Владата, според изјавите на поранешниот премиер Димитар Ковачевски, почна да бара начин платите на функционерите да се намалат, но до стапување во сила на техничката Влада, не најде начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Тетово и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

