Македонија
Каде го донира делот од покачената плата и дали ќе се откаже од привилегиите како поранешен претседател бидејќи ќе изгуби: Николоски за Пендаровски

Според моите сознанија имало одредена средба на Стево Пендаровски со одредени лица и прашав дали е вистина или не дека бил посетен од стратегисти, изработувачи на кампањи и луѓе кои се на работ на она што се вика закон во делот на политичка кампања кои се по потекло едниот од Изреал и другите од Хрватска и Романија. Прашав која е целта на нивната посета, дали тие ќе бидат ангажирани во неговата кампања и доколку бидат ангажирани кој ќе го плати тоа и дали тоа ќе биде пријавено имајќи предвод дека има строги закони во делот на финансирање на изборна кампања. Наместо да одговори на ова прашање Пендаровски даде одговор со лични навреди кон мене, јас немам проблем да ме навредуваат се занимавам со политика долго време не сум од вчера, но откако ќе завршат личните навреди пак треба да се одговори на прашањето, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата на Неготино.
„Така што еве втор пат му давам шанса, може пак да одговори со навреди, но откако ќе заврши со личните навреди кои мене не ме допираат, го замолувам да одговори на прашањето. Еве да одам чекор напред да прашам дали тој стратегист е истиот стратегист кој е во користен во Република Србија за потребите на претседателот на таа држава“, кажа Николоски.
Николоски додаде „Стево Пендаровски нека каже дали е така или не, ако е така нека каже зошто се среќавал со него, ако не е така нека каже не е така, а не лично да навредува и сега бонус уште две прашања“.
„Прво, дали ќе покаже на јавноста и ќе ги извади трансакциските сметки каде ја донира разликата во плата затоа што тој беше „најпаметен“ од сите државни функционери и рече дека не му била потреба покачена плата и дека ќе ја донира, што значи дека или многу скромно живее или е криминалец да бидам директен затоа што ако не живеете од плата или сте многу скромен или имате други приходи кои во политика можат да бидат само криминални и нека ги извади трансакциските сметки зошто се знае како се дава донација од трансакциска на трансакциска. И второ, имајќи предвид дека ќе изгуби на претседателските избори дали ќе остане на зборот што го даде пред 5 години кога се кандидираше за претседател дека по завршување на мандатот нема да ги користи привилегиите кои им следуваат на поранешните претседатели“, вели Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„СДС и Филипче да одговорат дали Заев на поранешен премиер на Бугарија му понудил продажба на македонска телевизија и прислушкувани материјали“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС лидерот го менува, но навиките не. Прислушкуваните материјали и купопродажбата на имоти, како и на државните интереси, продолжуваат да му бидат навика и на Венко Филипче, како на неговиот претходник и ментор, Зоран Заев. Затоа го прашуваме Филипче да каже дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, како и една шема за купување на две големи фирми, од кои едната била телевизија“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Венко Филипче да не молчи, туку да одговори што содржел стикот со прислушкувани материјали, кое неговиот, ментор Зоран Заев го дал на поранешен премиер на Бугарија, која сега ги злоупотребува механизмите на членка во ЕУ за да ја блокира државата.
Освен за стикот, СДС и Филипче, исто така, треба да кажат дали и зошто Зоран Заев понудил шема за купување на две големи фирми во Македонија од страна на фирми од Бугарија блиски до тој поранешен премиер и дали една од тие фирми е една голема телевизија, преку која требало да се врши бугарска пропаганда во државата?
Оттука произлегува уште едно прашање, на кое СДС и Филипче должат одговор, дали ова е подарокот кој Заев го дал во замена за логистичка и финансиска поддршка од Бугарија би им ја давала на партија и сега и во иднина и дали зад кампањата на СДС стои тој поранешен бугарски премиер со кој Заев е во контакт?
Од се ова можеме да видиме дека Венко Филипче не е ништи друго, освен алатка за реализација на планот на Заев и неговата таканаречена резолуција е само продолжеток на тој план за потчинување на државата во однос на Бугарија.
Овој нивен план е откриен, Филипче и неговиот ментор и гуру се фатени на дело.
Нивните планови нема да успеат, затоа што на претстојните избори народот жестоко ќе ги казни и со заокружување на број 9 ќе го направат вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)