Македонија
На Пендаровски не му преостана ништо друго, освен да сее магла, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Пендаровски на дело го покажа своето лицемерие. Соочен со тоа дека има зад себе мандат кој ќе остане запомнат по неговата конфузност, катастрофални изјави, и себедемантирање, тој посегнува по ниските лаги во предизборието“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Можеби скапите странски стратези го советувале дека треба да игра на картата на поделби, на етикетирања и претставување на работите црно или бело, но еве да го разочараме дека тоа во оваа кампања нема да му помине. Пендаровски се обидува да го наметне наративот дека само тој и СДСМ биле проевропска опција и дека ако не биле тие на власт евроинтеграциите ќе пропаднат. И оваа реторика на поделби му се појави сега кога се наближија изборите, што само покажува дека на Пендаровски не му преостана ништо друго освен да сее магла“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, и самиот Пендаровски не верува на оваа реторика.
„ Тој во момент на искреност, која ретко ја имал, признава дека и при промена на власта Македонија нема да отстапи од својот европски курс и евроинтеграциите ќе продолжат. Да го цитираме: “ мојата проценка од оваа позиција во која се наоѓам, кај што можам да ги гледам процесите и информациите од еден друг аспект и да имам и повеќе информации, од просечниот граѓанин кој си има и други приоритети во животот, е дека стратешката насока и при евентуална промена на власта нема да се менува“ (затворен цитат). Фала многу на искрениот Стево кој најдобро го демантира Пендаровски кој сега пробува да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, кој оди на меѓународни конференции и ја кодоши ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека така ќе добие поголема поддршка. Епа се лаже. Овој изблик на искреност на Пендаровски пред некое време е најдобриот одговор на сите лаги на кои тимот на Пендаровски ќе ја гради кампањата“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање
Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР.
Денес најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.

