Топ
29-годишен прилепчанец загина во сообраќајната несреќа на Плетвар

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне на патот Градско – Прилеп, во која млад прилепчаец го загуби животот.
Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „ауди“, со прилепски регистарски односи, управуван од А. М.(29) од Прилеп и товарно возило „ман“, со скопски регистарски односи, управувано од З. Б. (38) од Куманово.
„Во несреќата А. М. добил тешки телесни повреди и бил пренесен во градската болница во Прилеп, каде што починал“, велат од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пијан Турчин приведен во Охрид, со нож влегол во угостителски објект

Охрдиската полиција приведе пијан Турчин. Викал и непристојно се однесувал на улица, а потоа влегол во угостителски објект каде што полицијата забележала дека носи нож.
„На 27.06.2025 година во 07.50 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, приведен е Г.А.(32) од Фалса, Република Турција. Тој претходно, во алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување а потоа влегол во угостителскиот објект каде, при извршен преглед, полициските службеници, кај него забележаа и му одзедоа нож“, извети МВР.
Против него се поднесени пријави по Законот за оружје и Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Македонија
Муцунски: Одлуките донесени во Хаг без водството на Трамп и САД, немаше да бидат можни

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на НАТО Самитот во Хаг, имаше интервју со етаблираниот американски тинк-тенк „Атлантик кансл“, соопштинија од Министерството. Во интервјуто говори за одлуките од Самитот, улогата на САД и претседателот Доналд Трамп во глобалната безбедност, како и за придонесот на Република Северна Македонија во Алијансата и одржувањето на регионалната и светската стабилност.
На прашањето околу НАТО Самитот, Муцунски кажа дека одлуките донесени во Хаг се „многу повеќе од успех“:
„Јас лично го нарекувам генерациски самит. Мислам дека одлуките што ги донесовме ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации. Мислам дека беше клучно да се донесе одлука, особено за идните инвестиции потребни за членките и Алијансата“, рече Муцунски.
Тој посебно ја нагласи и важната улога на САД во донесувањето на овие одлуки.
„Сакам да нагласам дека без водството на администрацијата на Трамп и САД, никогаш не би ги донеле овие тешки одлуки. Значи, заслугата треба да оди таму каде што припаѓа. Но и одлично водство меѓу сојузниците, отвореност за дискусија и дебата, и фокус на тоа дека вложувањето во одбрана не е само за тврда одбрана, туку и за инвестиции во индустриската база, инфраструктурата, сајбер-отпорноста и слично. Затоа, повторно би го нарекол генерациски самит. Минатите беа историски, но одлуките овде се многу повеќе од историја. Станува збор за нашата иднина. Генерациски самит. Тоа е навистина моќно“, рече министерот Муцунски.
Заборуваше и за нашиот придонес како една од поновите земји членки на НАТО.
„Ние сме нација која сериозно го сфаќа членството во НАТО. И веќе планираме како да го достигнеме прагот од 5%. Покрај инвестирањето во армијата, за НАТО мисиите сме присутни од Балканот до Балтикот, со нашите храбри војници кои ја претставуваат нашата горда нација и придонесуваат за колективната безбедност. Американците треба да знаат дека македонските сојузници се со нив. Рамо до рамо – од Балканот до Балтикот. Тоа е добар начин да се каже“, рече министерот Муцунски.
„Атлантик кансл“ е американски тинк-тенк во областа на меѓународните односи, кој застапува атлантистички пристап и е основан во 1961 година. Управува со шеснаесет регионални центри и програмски единици кои се фокусираат на меѓународната безбедност и глобалниот економски просперитет.
Топ
Разбојништво во фризерски салон во Битола: му го зел прометот на фирзерот и му се заканил дека ќе го испрска со солзавец

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен битолчанец осомничен за кривично дело – разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик.
На 23 јуни околу пладне, осомничениот влегол во фризерски салон и побарал пари од фризерот. Тој одбил доброволно да му даде, по што осомничениот го искористил моментот кога оштетениот се оддалечил од фиоката во која го чувал прометот од фризерските услуги, ја отворил фиоката и ги одзел речиси сите пари кои биле внатре, односно 3.000 денари.
Веднаш се обидел да избега од салонот, но оштетениот го фатил и го држел за да го спречи да замине додека не биде повикана полиција. Затекнат при кражбата, осомничениот му се заканил на оштетениот дека ќе го испрска со солзавец, поради што тој го пуштил да си замине со украдените парични средства.
„Лицето е се уште во бегство и полицијата трага по него. Во меѓувреме, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор која ќе започне да се применува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Притворската мерка е побарана бидејќи се работи за лице кое и претходно е осудувано за исти и слични дела и очигледно е дека се крие и се обидува да ги избегне органите на прогонот“, соопшти Обвинителството.
Важни докази за настанот, како што велат од Обвинителството, се исказите на оштетениот и на сведоците кои во моментот биле присутни во фризерскиот салон, па без најстрогата мерка за обезбедување постои реална опасност осомничениот да се обиде да влијае врз нив и со тоа да ја попречува истражната постапка. Јавниот обвинител го зел предвид исказот на оштетениот кој се чувствува загрозен и бара да биде заштитен од осомничениот во текот на постапката.