Спорт
Откажан натпреварот БиХ – Израел
Пријателскиот натпревар меѓу Босна и Херцеговина и Израел, кој требаше да се одигра во вторник на 26 март на стадионот „Грбавица“, е откажан.
Репрезентациите на Босна и Херцеговина и Израел синоќа беа елиминирани во полуфиналните баражи за пласман ЕП. БиХ загуби од Украина, а Израел од Исланд.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Израел, Шино Зоерц, во изјава за локалните медиуми изјави дека една од причините за откажувањето на натпреварот е „напнатата ситуација“.
„Поради тензичната ситуација, УЕФА ме контактираше веднаш штом завршија натпреварите и ме прашаа дали можеме да го откажеме од натпреварот против Босна и Херцеговина, бидејќи не премногу важен за двете селекции. Сигурен сум дека ФС БиХ би направил се за да биде добар домаќин, но под сегашните околности се согласив натпреварот да биде откажан“, изјави Зоерц.
Израелците наведуваат дека натпреварот на „Грбавица“ е откажан во соработка со двете федерации, но и со УЕФА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Активирана ракометна „бомба“ во Подгорица – Дидие Динар е селектор на Црна Гора!
Дидие Динар, членот на генерацијата која доминираше во светскиот ракомет и поранешен селектор на Франција, едно од најголемите ракометни имиња во светот, е нов селектор на репрезентацијата на Црна Гора!
Ова големо ракометно име во Црна Гора носи импресивна кариера и како играч и како тренер.
Динар стана десеттиот селектор на „лавовите“ откако Владо Шола поднесе оставка во мај, по елиминацијата од Италија во баражот за Светското првенство.
Неговото деби на клупата на црногорската селекција се очекува на 6 ноември против Финска, во рамките на квалификациите за ЕП 2026 година.
Спорт
(Видео) Перу го победи Уругвај
Фудбалерите на Перу го победија Уругвај на домашен терен со 1:0, во последниот натпревар од деветтото коло во јужноамериканските квалификации за Светското првенство.
Голот за огромни три бода. го постигна стоперот Мигел Араухо во 88. минута, играч на американски Портланд.
Со оваа победа Перу ги задржа шансите за пласман во Мундијалот во 2026 година.
Перу е претпоследен со шест бода, Уругвај трет со 15. Аргентина е лидер со 19 бодови, Колумбија има 16, Бразил е четврти со 13, Еквадор е петти со 12, исто толку колку и шестопласираната Боливија, а Венецуела е седма со 11.
Над Перу е Парагвај со 10 бодови, а зад „фенерџијата“ Чиле со пет бодови.
Најдобрите шест селекции од Јужна Америка директно ќе се пласираат на СП по 18 одиграни кола, додека седмопласираната ќе оди во интерконтиненталниот плеј-оф.
Спорт
Марка: Би било лошо доколку Реал го врати Серхио Рамос
Реал Мадрид е во криза поради бројните повреди и отсуства кои најмногу ја погодија дефанзивната линија. Повредени се голманот Тибо Куртоа и дефанзивците Едер Милитао, Давид Алаба и Дани Карвахал. Извесно е дека сезоната е завршена за десниот бек, Карвахал.
Откако се повреди Карвахал, дел од шпанските медиуми шпекулираа дека во Реал би можел да се врати поранешниот капитен Серхио Рамос.
38-годишникот е слободен играч откако му истече договорот со Севилја. Дел од навивачите би се согласиле со неговото враќање, но „Марка“, медиум близокдо клуботпишува дека Реал ќе направи голема грешка доколку го врати Рамос.
Главна причина се неговите години, и непишаното правили: „Ако го напуштиш Реал, не враќај се“.
Иако Рамос има култен статус во „кралскиот клуб“, раководството на Реал нема стратегија за потпишување на ветерани. Затоа ни Хари Кејн не дојде пред нешто повеќе од една година. Реал најверојатно ќе се фокусира на доведување на некои помлади играчи, пишува „Марка“.