Македонија
Маричиќ: Инклузијата на Ромите во сите сегменти од стратешкото планирање на оваа Влада е исклучително важно за општеството и регионот
Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, одржа средба со Елвис Мемети, советник на премиерот и Снежана Мирчевска Дамјановска, национален технички советник и Драган Ристовски, проектен координатор од УНДП, претставниц и од УНДП.
На средбата беа истакнати заложбите на Владата за застапување на ромската заедница и правата на ромите во Република Северна Македонија. Беше истакната важноста за Планот за раст кој ги наведува мерките за забрзана интеграција на регионот. Мерките се важни иницијативи за вклучување на земјата во единствена европска платежна област, зајакнување на Зелените линии/Царинската соработка, пристап до интернет за најмногу 500 општини преку WiFi4WB и вклучување на национални иновативни дигитални центри во Европската дигитална Хаб мрежа.
На средбата се зборуваше за иницијативата за самовработување на Ромите што останува предмет на внимание. Присутните се согласија дека: инклузијата на Ромите во економијата е важен дел од амбицијата на оваа Влада за вклучување во општеството и регионот. Застапувајќи ги принципите на еднаквост и заложба за човековите права, веруваме во ангажманот за поддршка и зајакнување на Ромската заедница во општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

