Спорт
Морбидни закани до Ди Марија: Не оставаме пораки, оставаме трупови
Анхел Ди Марија (36) и неговото семејство добиле морбидни закани откако фудбалерот откри дека сака кариерата да ја заврши онаму каде што ја започна, во Росарио Централ.
„Кажете му на вашиот син Анхел да не помисли да се врати во Росарио, бидејќи некој од вашето семејство ќе го загуби животот. Ниту Пуљаро нема да ве спаси“, беше една од пораките упатени до таткото на Ди Марија.
Инаку, Максимилијано Пуљаро е гувернер на провинцијата Санта Фе, чии главен град е Росарио.
„Не оставаме пораки зад себе. Зад нас остануваат куршуми и трупови“, е една од анонимните порака упатена до семејството Ди Марија, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на неименувани полициски извори.
Ди Марија летово се врати во Бенфика по една сезона во Јувентус и потпиша едногодишен договор. Тој игра маестрално, има 15 гола и 11 асистенции сезонава, но се уште е отворено прашање дали по 1 јули ќе го носи дресот на португалскиот великан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јавно се извини поради поразот од Новак Ѓоковиќ – Французионот го анализираше мечот
Французинот Корентин Муте јавно им се извини на сите за поразот од Новак Ѓоковиќ во второто коло на Мастерсот во Рим со 2:0 (6:3, 6:1).
„Се извинувам за мојот настап вечерва. Посакувам да можев себеси и нему да му дадам подобра битка, но не го направив тоа. Ништо освен почит кон Новак, се разбира, за сето она што го постигна и она што го прави за играчите и тенисот. Ќе се обидам повторно да добијам шанса да играм против него“, напиша Муте.
Ѓоковиќ по дуелот се најде среде инцидент, кога шише го погоди во глава.
Новак потоа објави дека се работело за несреќен случај и дека се чувствува добро.
Спорт
Јунајтед сака трејд со Барселона – Бруно за Де Јонг
Бруно Фернандеш е еден од ретките фудбалери на Манчестер јунајтед кој го оправдува своето реноме на теренот. Капитенот не е сигурен дека ќе остане во клубот и наредната сезона.
„Очигледно некои работи не зависат само од мене, нели?“, изјави Бруно Фернандеш и со тоа јасно кажа дека има шанси да го напушти клубот на крајот од сезоната.
Англиските медиуми тврдат дека Бруно и е понуден на Барселона.
Имено, од Манчестер јунајтед се подготвени да го понудат Бруно Фернандеш како дел од трансферот во кој сакаат да го доведат Френки де Јонг од Барселона.
Во текот на целото лето 2022 година, раководството на Манчестер јунајтед се обидуваше да го доведе Холанѓанецот, но на крајот не успеа и на крајот го доведоа Касемиро за 70 милиони фунти.
Де Јонг потоа остана во Барселона, но наводно е на врвот на листата на желби на Сер Џим Ретклиф. Раководството на Манчестер јунајтед не сака да плати 77,5 милиони фунти за него, а тие се подготвени да го понудат Бруно Фернандеш.
Наводната понуда на Манчестер јунајтед до Барселона е 17 милиони фунти и Бруно Фернандеш за Де Јонг, а сега на потег е и раководството на клубот од Шпанија.
Спорт
(Видео) Денвер победи кај Минесота, Индијана славаше над Њујорк
Кошаркарите на Денвер Нагетс ја совладаа Минесота Тимбервулвс со 117:90 и намалија на 2-1 во полуфиналето на Западната конференција.
Нагетс одговорија шампионски по шлаканиците што го добија во првите два натпревари пред своите навивачи во Минеаполис максимално се вратија во серијата.
Јокиќ го заврши натпреварот со 24 поени, 14 скока, девет асистенции, три украдени топки и три блокади.
Џамал Мареј беше одличен со 24 поени и пет асистенции, Мајкл Портер постигна 21, Арон Гордон 13, од кои три тројки на стартот на третиот период, а Кентавијус Колдвел-Поуп 12 поени.
Во поразениот тим Едвардс постигна 19 поени, Таунс 14, а Конли и МекДаниелс по 10 поени.
Следниот натпревар се игра ноќта меѓу недела и понеделник од 02.00 часот.
Кошаркарите на Индијана Пејсерс ги совладаа Њујорк Никс со 111:106, во третиот натпревар од четвртфиналето на НБА плеј-офот.
Пејсерси го намалија резултатот во серијата на 2:1 на домашен терен, Њујорк претходно победи во двата меча на домашен терен.
Тајрис Халибартон го предводеше домашниот тим до победата со 35 поени со четири скока и седум асистенции, а го следеше Паскал Сијакам со 26 поени и седум скока.
Двоцифрен беше и Мајлс Тарнер кој успеа да оствари дабл-дабл учинок, односно 21 поен со 10 скока.
Кај Никс се истакна Донте Дивиченцо со 35 поени со три скока и две асистенции, а го следеше Џејлен Бренсон со 26 поени и шест асистенции.
Следниот дуел е закажан за в недела од 21 часот и 30 минути.