Регион
Се појави видео од безбедносната камера на куќа во близина на местото на кое малата Данка исчезна

На социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото на кое вчера околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2). На видеото се гледа автомобил кој бргу поминува околу 13.47 часот, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13.45 часот, како што рекла мајка ѝ.
Ovo je snimak kamere sa komšijske kuće u vreme Dankinog (2) nestanka pic.twitter.com/Thng7AILyV
— larakorft (@larakorft1) March 27, 2024
Засега не се знае дали возачот на автомобилот има информации за исчезнувањето на девојчето или дали го видел девојчето, со оглед на тоа што времето на нејзиното исчезнување и поминувањето на возилото не се совпаѓаат.
Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото на кое исчезна Данка, пишуваат медиумите.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна вчера околу 13.45 часот во Бањско Поле кај Бор, а во потрагата по девојчето беа вклучени сите дежурни служби на полицијата, а системот „Најди ме“ е активиран за првпат во Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.