Македонија
Програма за европска иднина на СДСМ: Бесплатен оброк и бесплатна екскурзија за учениците
Победничката „Програма за европска иднина“ на СДСМ за претстојните избори предвидува серија мерки за младите, за учениците, за унапредување на ученичкиот стандард.
„Бесплатен оброк се воведува за учениците во основните и средните училишта, по примерот на студентскиот оброк, кој го користат околу 29.000 студенти. Бесплатен јавен превоз се воведува за сите млади лица од прво одделение до дипломирањето. За подобрување на стандардот на учениците обезбедуваме ваучер „Среќен почеток“ во износ од 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој нов средношколец.Во секоја учебна година сите ученици од сите општини ќе добијат училишен бонус од 3.000 денари за материјали и учебни помагала“, велат од СДСМ.
Како што додаваат, со новата програма се воведуваат и бесплатни едукативни екскурзии и тоа за петтооделенците бесплатна екскурзија за подобро запознавање на Македонија.
„Бесплатна екскурзија во деветто одделение, „Запознај го регионот“, со посети во сите соседни држави во регионот и градење на добрососедство. За матурантите се воведува бесплатна едукативна екскурзија во европските држави односно „Запознај ја Европската Унија“. Приоритет се сигурни и безбедни училишта и ученици, за што имаме мерки за превенција и санкционирање на врсничкото насилство. Младите се нашата иднина. Младите сакаат да живеат во европска Македонија, со европски стандард, европски вредности и начин на живот, кои ги носи „Програмата за европска иднина“ на СДСМ“, завршуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

