Македонија
Се трага по напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, ова е трет напад за него досега
Полицијата сè уште трага по напаѓачот, кој рани две лица среде бел ден во вооружениот напад врз градоначалникот на Арачиново. Во нападот се ранети возачот на Ридван Ибраими и еден од вработените во Општината.
Целта на нападот, според информациите, бил градоначалникот на оваа општина, кој не е повреден, но двете лица, кои биле во негова придружба, итно се пренесени во скопските болници.
Ова е трет напад врз градоначалникот на Арачиново. Пред една година полицијата уапси 69-годишен маж од селото Арачиново откако претходно добила пријава од градоначалникот на општината, Ридван Ибраими. Тој упатувал закани за животот на градоначалникот во врска со предмет за доделување користење земјиште. Тој и во септември 2022 година во полицијата пријавил дека бил цел на физички напад.
Од МВР најавуваат расчистување на случајот, а од Обвинителството преглед на снимките од околните објекти.
Ридван Ибраими од јануари 2010 година секогаш бил на раководни функции во здравствените установи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општините Гази Баба и Сарај денеска без струја
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Гази Баба и Сарај.
– Во период од 08:30 – 09:300 часот, струја ќе немаат корисниците на улица Лазар Поптрајков зграда бр. 25 во општина Гази Баба.
– Во период од 08:30 – 13:30 часот, корисниците на дел од село Кондово во општина Сарај ќе останат без електрична енергија.
Македонија
Сончево време со услови за пороен дожд попладне
Времето денес ќе биде променливо облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладневните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Од четврток до сабота ќе преовладува сончево и топло време. Промена на времето со локални врнежи од дожд, наместа пообилни и пад на дневната температура се очекува од недела.
Македонија
Земјотрес во Скопје
Земјотрес во 21:46 часот беше почувствуван на територијата на Скопје.
Според информациите, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
Длабочината на потресот, според информациите од ЕМСЦ е 6 километри.