Забава
Парис Хилтон и нејзиниот сопруг открија зошто сè уште ја кријат својата ќерка
Парис Хилтон (43) и нејзиниот сопруг Картер Реум одговориле на прашањето зошто сè уште не ја покажуваат својата четиримесечна ќерка Лондон на социјалните мрежи.
„Сè уште не сме подготвени да ја споделиме со светот“, напиша Картер на „Инстаграм“ како одговор на прашање на следбеник.
„Но, таа е симпатична и изгледа како мама“, додал 43-годишникот, кој со богатата наследничка го има синот Феникс. Парис и претходно изјави дека сака да го задржи својот семеен живот приватен што е можно подолго.
„Толку долго споделував сè со светот. Ова е првпат нешто да е само мое и сакам да остане така што е можно подолго“, рекла таа еднаш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Момците од One Direction се огласија: „Ние сме уништени“
Поранешните членови на One Direction се простија од Лиам Пејн.
Тие во заедничко соопштение објавија дека се целосно уништени од веста за нивниот поранешен колега.
„Во догледно време, кога ќе можеме, ќе кажеме повеќе. Сега ќе одвоиме малку време да тагуваме и да ја преболиме загубата на нашиот брат, кого неизмерно го сакавме. Неговите спомени ќе бидат вредни засекогаш. Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и обожавателите кои го сакаа. Многу ќе ни недостига. Те сакаме Лиам“, се наведува во соопштението.
Лиам објави пет албуми со бендот
Забава
(Видео) „Ова е непримерно“: Хајди Клум позира со ќерката во кампања за долна облека
Поранешната манекенка Хајди Клум на „Инстаграм“ се пофали со фотографиите на кои позира со својата ќерка Лени во кампања за долна облека, а нејзиното објавување предизвика бурни реакции.
51-годишната Хајди и нејзината 20-годишна ќерка позираа заедно во тантелена долна облека, а Хајди откри дека уживале во снимањето.
View this post on Instagram
„Лени и јас се забавувавме додека го снимавме ова. Најдете нè на билбордите низ цела Германија и на телевизија“, рече таа во објавата што ја сподели и ќерка ѝ.
Како дел од објавата има и видео на кое Хајди и ги допира гаќите на ќерка си и ја снима додека таа позира во долна облека. Објавата предизвика многубројни негативни реакции.
View this post on Instagram
„Прилично е чудно што го правиш ова со мајка ти“, „Чудно е што мајка ти ги допира гаќите“, „Ова е несоодветно“, „Изгледа како почеток на филм од 18+“, „Да, нема ништо подобро од тоа да позираш полугола со мајка ти“, „О, тато и јас го правиме тоа постојано, само во боксери“, се дел од коментарите под објавата.
Забава
Актерот од филмот „Сам дома 2“ снимен на прошетка, глетката ги растажи фановите
Тим Кари, британскиот актер запаметен по улогата во филмот „Сам дома 2“, е снимен по долго време. Во еден од најпопуларните божиќни филмови тој го глумеше рецепционерот во хотелот Плаза.
Сега тој беше фотографиран додека шеташе во Лос Анџелес придружуван од асистент, а оваа сцена ги растажи неговите обожаватели.
Кари (78) во 2012 година доживеа мозочен удар, поради што сега користи инвалидска количка и има потреба од помошник.
Неговото семејство долго време го чуваше неговото здравје во тајност.