Свет
Си-Ен-Ен: Денешниот земјотрес во Њу Џерси е најсилниот во претходните 240 години
Земјотресот со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, кој денеска го погоди јужниот дел на американската сојузна држава Њу Џерси, е најсилниот во последните 240 години, соопшти Си-Ен-Ен, повикувајќи се на податоци на Американското сеизмолошко друштво (USGS).
Земјотресот што се случи утрово, а кој беше почувствуван и во Њујорк, беше најсилен од 1783 и 1755 година, кога таа земја ја потресоа два земјотреси со јачина од 5,1 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Политико: Украина најверојатно ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ во јуни
Целта на Европската унија (ЕУ) е да ги започне официјалните преговори за пристапување на Украина и Молдавија веќе на 25 јуни, кога се одржува самитот на Европскиот совет, изјавија за бриселски Политико неименувани дипломати од Брисел.
Кога лидерите на ЕУ ги отворија вратите за Украина и Молдавија во декември, потегот беше поздравен како прв чекор во историското проширување на Унијата.
Официјалното зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ би било голем поттик за Украина, која е во третата година од војната.
Свет
Роберт Фицо е свесен и комуникативен, соопштија неговите лекари
Словачкиот премиер Роберт Фицо е свесен и комуникативен, а последователно му беше извршена томографија, соопштија денеска неговите лекари.
„Истовремено, се преземаат натамошни чекори за подобрување на неговото здравје“, соопштија од болницата во словачкиот град Банска Бистрица, каде што премиерот закрепнува по атентатот, пренесува „Ројтерс“.
Вицепремиерот Роберт Калинак во неделата изјави дека премиерот е надвор од животна опасност, иако сè уште е во премногу сериозна состојба за да биде префрлен во болница во Братислава.
Свет
Силни турбуленции на летот Лондон – Сингапур: едно лице загина, повеќе од 30 повредени
Едно лице загина во авион од Лондон за Сингапур поради силни турбуленции, а повеќе од 30 лица се повредени, јавува Би-би-си.
Авионот „боинг 777-300 ер“, кој летал за Сингапур, бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15.45 часот по локално време. Авионот превезувал вкупно 211 патници и 18 члена на екипажот, се наведува во соопштението на авиокомпанијата.
„Сингапур ерлајнс“ соопшти дека летот SQ321, кој летал од Лондон до Сингапур, наишол на сериозни турбуленции.
„Можеме да потврдиме дека има повредени и една личност смртно настрада. Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 члена на екипажот. „Сингапур ерлајнс“ изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопшти компанијата.
Тие додадоа дека „соработуваат со локалните власти на Тајланд за да им ја дадат потребната медицинска помош на повредените“ и испраќаат тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна помош.