Македонија
Ковачевски: Видовме дека ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија од минатото
 
																								
												
												
											ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат визија за иднината на Македонија, тоа е факт, но деновиве покажаа дека сакаат да не вратат назад, покажаа злоупотреби на медиуми, апсење новинари, фалсификување анкети, злоупотреба на државни институции, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска на митинг на кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски попладнево во Кисела Вода.
„Покрај тоа што немаат визија, во ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту храброст да донесат државнички одлуки. Знаат само да се кријат и да избегнуваат одговорност. Погледнете што му се случува на вашето Скопје. Ветуваа се и сешто, а не можат ниту ѓубрето да го исчистат. Општините водени од ВМРО ДПМНЕ стагнираат, се гушат во нерешени комунални проблеми. Ако не можат да го исчистат Скопје, замислете што ќе се случи ако треба да ја водат државата“, рече Пендаровски.
Според Ковачевски тоа може да се спречи, со глас за членство во ЕУ, за слобода и демократија со Коалицијата за европска иднина и глас за Стево Пендаровски, додаде Ковачевски.
„Ветуваме европска иднина со слободни граѓани и медиуми, одговорни јавни институции, решителна борба против корупцијата и криминалот, повисоки плати и пензии, подобар живот за сите“, потенцираше Ковачевски во обраќањето.
„Ние имаме план, имаме визија и не се откажуваме од европска иднина. Победата ќе почне уште на 24-ти април на првиот круг од претседателските избори! Победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски! А за точно еден месец од денеска, на 8-ми мај, ќе прогласиме нова голема победа за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија. СДСМ ќе ја формира новата проевропска влада, а Стево Пендаровски повторно ќе биде Претседател“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)
Македонија
Без вода дел од Чаир
 
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците Челопек и бр. 157 без вода ќе останат корисниците од улиците Челопек и бр. 157, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди
 
														Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											