Топ
Татко од Велес ги терал своите деца да питаат, па парите ги трошел во казино

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Извор во општина Чашка за запуштање и малтретирање дете.
Постои основано сомнение дека во временскиот период од 2021 до 3 април оваа година осомничениот татко со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување ги запуштил сопствените две деца и од користољубие ги навел на питање.
Тој ги носел децата на разни локации во Скопје и Велес, ги терал да бараат пари, а потоа паричните средства им ги земал и ги трошел во казино.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице бидејќи постои опасност да се даде во бегство, да го повторува кривичното дело или да влијае врз оштетените деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП Јасен. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира Дирекцијата за заштита и спасување.
Од таму велат дека една линија на пожарот која се протегала исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума.
Од ДЗ напоменуваат дека борбата со огнот на моменти е ризична поради што се уште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.
Во врска со останатите пожари, ДЗС информира дека пожарот над с. Свиларе е целосно изгаснат додека пожарот на територијата на с. Радуша се уште е активен и се движи кон општина Јегуновце.
Свет
ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во Украина, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, според The Kyiv Independent.
Објавата доаѓа пред состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, закажан за 15 август во Алјаска. Лидерите на ЕУ и украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да присуствуваат на состанокот, но се очекува да одржат онлајн разговори со Трамп на 13 август.
„Додека Русија не се согласи на целосно и безусловно примирје, не треба ни да разговараме за никакви отстапки“, рече Калас.
Таа ја нагласи важноста на редоследот на чекорите.
„Прво, безусловно примирје со силен систем за следење и солидни безбедносни гаранции“, рече таа, додавајќи дека ќе „работи на 19-тиот пакет санкции“.
Претходниот, 18-ти пакет санкции беше одобрен од ЕУ на 18 јули, опишувајќи го како „еден од најсилните“ досега. Пакетот ја намали ценовната граница на руската нафта од 60 долари на 47,60 долари за барел и беше насочен кон повеќе од 100 бродови од таканаречената „флота во сенка“ на Русија. Мерките имаа за цел да ги потиснат приходите од извозот на фосилни горива, клучен извор на финансирање за војната во Украина.
И покрај мерките, Русија не презеде никакви чекори кон завршување на војната и продолжува со својата офанзива по целиот фронт. Три рунди директни разговори меѓу Украина и Русија, како и мировните напори предводени од САД, досега не успеаја да ги доближат страните до решение.
Во меѓувреме, европските лидери изразуваат загриженост дека би можеле да бидат маргинализирани пред претстојниот самит Трамп-Путин, како што објави „Њујорк тајмс“.
Во заедничка изјава на 10 август, лидерите на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка и Шведска ја поздравија иницијативата на Трамп, но забележаа дека „дипломатското решение мора да ги заштити виталните безбедносни интереси и на Украина и на Европа“. Нордиските и балтичките лидери, исто така, нагласија дека преговорите „можат да се одвиваат само во контекст на прекин на огнот“ и дека „патот кон мирот не може да се трасира без гласот на Украина“.
„Нема одлуки за Украина без Украина и нема одлуки за Европа без Европа“, се вели во соопштението, ветувајќи континуирана поддршка за Киев и порака дека Русија мора постојано да биде под притисок да ја прекине војната.
Експертите веруваат дека набрзина организираниот самит веројатно нема да ги зближи Трамп, Путин и Зеленски поради нивните спротивставени цели. Самиот Трамп вчера им рече на новинарите: „На крајот од таа средба, веројатно во првите две минути, точно ќе знам дали може да се постигне договор“.
Фото: ЕПА
Топ
Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци М.Ј.(43) и на неговото семејство.
Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони.
Двајцата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.