Свет
Израелците убија три сина и двајца внуци на шефот на Хамас во Газа
Тројца сина и двајца внуци на лидерот на Хамас Исмаил Ханије се убиени во израелски воздушен напад врз Појасот Газа, соопштија милитантната група и неговото семејство. Тројцата синови – Хазем, Амир и Мохамед, загинаа во бомбардирањето на возилото со кое патувале во кампот Ал Шати. Двајца од внуците на Ханије, исто така, се убиени, а третиот е повреден, јавуваат медиумите на Хамас.
„Нашите барања се јасни и конкретни и нема да правиме отстапки. Непријателот е во заблуда ако мисли дека нападите врз моите синови, за време на екот на преговорите и пред движењето да ги испрати своите одговори, ќе го принудат Хамас да ја промени својата позиција“, изјави Ханије за Ал Џезира, додавајќи дека неговите синови „станале маченици на патот до ослободувањето на Ерусалим и џамијата Ал Акса“.
„Крвта на моите синови не ми е подрага од крвта на нашиот народ“, додаде лидерот на Хамас, кој живее во Катар. Милитантната група вчера објави дека го проучува израелскиот предлог за прекин на огнот, но дека тоа не задоволува ниту едно од барањата на Палестинците.
Хамас бара прекин на воените операции на Израел, целосно повлекување на неговата војска од енклавата и враќање на бегалците. Ханије стана лидер на Хамас во 2017 година, а оттогаш живее меѓу Турција и катарската престолнина Доха.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мајмуни заразени со хепатитис Ц и Ковид избегаа по сообраќајна несреќа: американските власти започнаа истрага
Американските власти започнаа истрага откако лабораториски мајмуни заразени со вируси на хепатитис Ц и Ковид-19 избегаа од местото на сообраќајна несреќа, објави британскиот весник „Гардијан“.
Според првичните информации, инцидентот се случил за време на транспортот на животните до истражувачкиот центар, кога возилото што ги превезувало било вклучено во сообраќајна несреќа. Во таа прилика, неколку примати успеале да избегаат во околината, што предизвикало сериозна загриженост за потенцијалното ширење на инфекцијата.
Американските власти потврдија дека се регистрирани случаи на агресивно однесување на мајмуни по бегството и ја предупредија јавноста да не се обидува да им се приближи. Властите изјавија дека контактот со заразени животни може да претставува ризик по здравјето, бидејќи тие се носители на два многу заразни вируси.
Во исто време, американските медиуми потсетуваат дека слични случаи веќе предизвикале јавна загриженост во минатото, бидејќи лабораториските примати често биле користени во експерименти со опасни патогени.
Според најновите информации, сите мајмуни освен еден се пронајдени и ликвидирани за да се спречи ширењето на инфекцијата. Потрагата по последниот примат сè уште е во тек, а здравствените служби ги следат потенцијалните симптоми кај луѓето кои биле во контакт со местото на несреќата.
Портпаролот на Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) изјави дека резултатите од анализата ќе бидат објавени подоцна за да се покаже дали имало пренос на вирусот на луѓето.
Иако властите ја уверија јавноста дека ризикот е под контрола, експертите предупредуваат дека дури и краткотрајниот контакт на заразените примати со надворешната средина може да претставува сериозна закана, со оглед на способноста на вирусот да се прилагоди на новите домаќини.
Американските медиуми најавуваат дека резултатите од првата официјална анализа ќе бидат објавени во наредните денови.
Фото: принтскрин
Свет
Судир помеѓу автобус полн со ученици и автомобил: има загинати и повредени во Италија
Во сообраќајна несреќа во која учествувале автобус со 50 студенти и автомобил што преминал во спротивната лента, едно лице загинало, а 15 се повредени утрово во италијанската покраина Тревизо, објавува RAI денес.
Несреќата се случила во 7:45 часот наутро, а по судирот, двете возила завршиле во канал покрај патот.
Поради силата на ударот, возачот на автомобилот починал на лице место, а патниците во автобусот се здобиле со полесни повреди.
Возачот на автобусот и петте повредени студенти се префрлени во болница на лекување и прегледи.
Автобусот со студенти тргнувал од Сан Дона ди Пјаве во близина на Венеција, а несреќата се случила веднаш откако возилото поминало остра кривина, кога автомобил што доаѓал од спротивната насока преминал во спротивната лента.
Возачот се обидел да го избегне судирот, но не успеал, а двете возила завршиле во канал од патот на спротивните страни.
Карабинерите во моментов ги истражуваат околностите на несреќата.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп: Не ми е дозволено да се кандидирам за трет мандат, што е тажно
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека не му е дозволено да се кандидира за трет мандат признавајќи ги ограничувањата утврдени во Уставот на САД, објави АФП.
Трамп и неговите поддржувачи постојано го иницираат прашањето за кандидатурата на 79-годишниот лидер во 2028 година, што предизвика загриженост кај неговите противници и радост кај поддржувачите, забележува агенцијата.
„Имам највисок рејтинг на одобрување досега и, знаете, врз основа на она што го читам, претпоставувам дека не ми е дозволено да се кандидирам, па ќе видиме што ќе се случи… Тоа е многу жално“, рече Трамп во авионот „ер форс уан“.
Уставот на САД ги ограничува претседателите на два мандата, а Трамп го почна својот втор мандат во јануари.
Трамп честопати забележуваше дека неговите поддржувачи го поттикнуваат да владее и по сегашниот мандат и покрај уставните ограничувања. Неодамна дури и ги покажа познатите црвени капи во Овалната соба, но со зборовите „Трамп 2028“ напишани на нив.
Обновените разговори за трет мандат доаѓаат откако Стив Бенон, поранешниот главен стратег на Трамп и клучен идеолог на неговото движење „Да ја направиме Америка повторно голема“, минатата недела изјави дека постои план претседателот да остане во Белата куќа.
„Тој ќе има трет мандат… Трамп ќе биде претседател во 2028 година. И луѓето, едноставно, ќе мора да го прифатат тоа“, изјави Банон за „Економист“.
Запрашан за 22. амандман, кој го ограничува бројот на мандати, Банон рече: „Постојат многу алтернативи. Во соодветно време ние ќе го изложиме планот“.

