Свет
Ердоган подготви мировен план за Украина и Русија: Турција им испрати нацрт-договор на Зеленски и Путин
Турција понуди нов нацрт-договор со кој би се замрзнала војната меѓу Русија и Украина по постојната линија на фронтот, а според извор запознаен со документот, тој се промовира со посредство на турскиот претседател Реџеп Ердоган и е иницијатива на турската страна.
Изворот тврди дека сите три страни, имено Турција, Русија и Украина, во моментов го имаат текстот на документот, пренесува рускиот независен весник „Нова газета Европа“, со седиште во Латвија. Нацртот се базира на документи од првите преговори во Истанбул, а дел од формулациите од мај 2022 година се вклучени во новиот текст.
Мировната иницијатива може да ја поддржат голем број европски политичари, како и земјите од глобалниот југ, се наведува во текстот.
Во документот се забележува дека е заедничка обврска на Соединетите Американски Држави и Русија да не користат нуклеарно оружје под никакви околности и повикува на обновување на Договорот за ограничување на стратешкото оружје (СТАРТ-3), во отсуство на еднострано повлекување од него во иднина.
Документот предвидува и забрана за мешање во внатрешните работи на друга земја на кој било начин што може да ја дестабилизира нејзината влада, како и замрзнување на војната долж постојната линија на фронтот. Наведени се и обврските за одржување референдуми во 2040 година: национален референдум за надворешната политика на земјата, како и референдуми под меѓународна контрола на сите украински територии анектирани од Русија за време на замрзнувањето на војната.
Нацрт-договорот вклучува гаранции за вонблоковскиот статус на Украина до 2040 година и размена на затвореници според формулата „сите за сите“, а од Русија се бара да не се противи на пристапувањето на Украина во Европската унија.
Според рускиот весник, веројатноста за усвојување на овој нацрт-договор е мала, бидејќи ова е најмалку деветти проект од ваков вид. Украинската „формула за мир“, развиена во 2022 година, вклучуваше 10 точки, од кои многу не се совпаѓаат со новиот нацрт-мировен договор.
Мировниот план на Кина вклучуваше и точки кои не беа вклучени во новиот нацрт: почитување на суверенитетот на сите земји, напуштање на менталитетот на Студената војна и укинување на едностраните санкции кои не ги решаваат постоечките проблеми, туку создаваат нови.
Сепак, според „Нова газета Европа“, самиот факт на неговото појавување укажува на тоа дека меѓународната заедница и поединечни земји продолжуваат да прават напори за да се најде начин да се стави крај на војната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сикорски: Унгарија покажува шокантен недостаток на солидарност кон Украина
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес ја обвини Унгарија дека покажува шокантен недостаток на солидарност кон Украина и дека верува оти унгарската влада создава клима на непријателство кон Киев за да ја искористи во изборната кампања.
„Очекував многу поголемо чувство на солидарност од Унгарија кон Украина. Но, наместо тоа, со помош на државната пропаганда, владејачката партија успеа да создаде клима на непријателство кон жртвата на агресија. А сега се обидува да ја искористи на општите избори. Тоа е доста шокантно“, изјави Сикорски пред новинарите во Брисел, пренесува Ројтерс.
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, изјави претходно денес, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, дека континуираниот отпор на Унгарија јасно ставил до знаење дека на состанокот нема да се постигне консензус за предложениот нов пакет санкции против Русија.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Свет
Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за воведување нови санкции против Русија
Поради противењето на Унгарија, земјите од Европската Унија веројатно нема да постигнат договор денес за предложениот нов пакет санкции против Русија, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, пренесува Танјуг.
Калас им изјави на новинарите пред состанокот во Брисел дека континуираниот отпор на Унгарија јасно стави до знаење дека на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ нема да се постигне консензус за предложените мерки.
„Ќе има дискусија за 20-тиот пакет санкции, но не мислам дека денес ќе има некаков напредок по ова прашање“, рече Калас, пренесува АНСА.
Таа рече дека Брисел ќе продолжи да инсистира на воведување нови рестриктивни мерки против Русија, поради војната во Украина.

