Македонија
Мицкоски: СДСМ е измеќар на ДУИ

Тоа е едно исто тело, бидејќи СДСМ во изминативе 2 недели од претседателската кампања не кажа ниту еден лош збор ниту пак ниту една критика за работењето на Демократската унија за интеграција што не е случај обратно, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Охрид одговори на новинарско прашање околу реакцијата на СДСМ за наводната жестока реторика и нивно поистоветување со ДУИ.
Мицкоски исто така додаде дека фактот што ДУИ во кампањата ја критикува работата на СДСМ, а СДСМ нема кажано збор против ДУИ покажува дека СДСМ се само измеќари на ДУИ.
“ДУИ ја критикува работата на СДСМ. Така што, како можам да судам и што можам друго да кажам освен тоа дека тие практично се ништо повеќе од едни обични измеќари на ДУИ?“ потенцираше Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се трага по повозрасно лице од Штипско, последен пат било видено во саботата

Потрагата по исчезнато повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип продолжува, извести Регионалниот ЦУК Штип.
Инаку пријава за исчезнато повозрасно лице од село Степанци (Општина Штип) е добиена преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Лицето последен пат било видено во саботата на 05.04.2025 година. Од ЦУК се известени МВР-Штип, и Општина Штип, а и локални здруженија и организации коишто можат да помогнат во потрагата.
Македонија
Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во медицински центри во Хрватска (двајца пациенти), Шведска (1 пациент) и Италија (1 пациент).
Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.
Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“, двајца пациенти во приватната болница Систина и еден пациент на Клиниката за пулмологија.
Од Министерството за здравство известуваат дека континуирано ја следат состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и понатамошна рехабилитација.
Македонија
„Трошки за работниците наместо вистинско зголемување на платите, Владата ги извиси граѓаните“, велат од СДСМ

„Наместо вистинско и реално зголемување на платите, владата ги извиси работниците. Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари наместо зголемување на минималната плата на 500 евра како што бараат и заслужуваат“, соопшти СДСМ.
„Додека граѓаните се борат со сметки и мизерни плати, тие продолжуваат да штитат интереси на богатите, оставајќи ги работниците на работ на егзистенција.
Власта не го почитува ниту општиот Колективен договор и не ги зголемува платите во јавниот сектор за предвидените 12,5%.
Најавата за зголемување од само 5% на платите за вработените во здравството е историски најмало во споредба со досегашниот раст на платите.
Вкупните примања на лекарите специјалисти од 2017 до 2024 година, заедно со дежурства се зголемени меѓу 100-160%, по корекцијата на коефициентите од страна на СДСМ.
Основната плата на лекарите специјалисти СДСМ ја зголеми за 40 проценти, на медицинските сестри ја зголемивме помеѓу 20 и 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти.
Се потпиша и Спогодбата со здравствениот синдикат за ново зголемување на платите на здравствените работници кое требаше да биде над 20% и тоа сега веднаш а не ДПМНЕ да прави лоша математика.
Истот така, платите на наставниците требаше да бидат зголемени за 12,15% ама во септември 2024 година. И тоа не се случи.
Реалноста е понижувачка – зголемувањето од едвај 5% ги остави наставниците без заслуженото за нивниот труд. Со ова наставниците и просветните работниците се оштетени. Дополнително, најавените зголемувања од 7% се далеку од тоа што им следува и што треба да го добијат просветните работници.
Ваква измама и понижување на граѓаните, кои чесно работат и со право бараат поголеми плати, никој никогаш не направил.
Оваа влада е влада против граѓаните и работниците, против сите кои бараат подобар живот. Пари има за папаја, манго, аспарагус и приватни летови, но нема за оние кои едвај врзуваат крај со крај“, се наведува во соопштението на СДСМ.