Македонија
Костадиновска-Стојчевска: Компаниите ќе ги поддржиме со 180 милиони евра, а просечната плата ќе достигне 1.100 евра
Коносителката на ИЕ5 , на коалицијата за европска иднина, Бисера Костадиновска-Стојчевска на средба со компаниите членки на Регионалната стопанска комора Битола, заедно со носителот Јован Митрески и кандидатот за пратеник Матодија Илиевски, порача дека нема откажување од силна домашна економија, која ја отвораме кон големиот европски пазар.
Претставувајќи ја програмата за следниот мандат порача дека сега е вистински момент за освојување на големиот европски пазар и дека заедно ќе успееме македонката економија да биде европска.
„Во новиот мандат нашите граѓани ќе имаат просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра. За прв пат во историјата имаме едноцифрена невработеност од 7 проценти“, рече пред стопанствениците на овој регион Костадиновска-Стојчевска.
Таа додаде дека заедно со нив, СДСМ и коалцијата носат нова енергија во македонската економија, и подобар животен стандард.
„ Преку директна финансиска помош од 200 евра, во времетраење од една година од вработувањето, за прво вработување на млади лица до 26 години ќе обезбедиме клучна поддршка за олеснување на нивниот влез во работната сила“, порача коносителката Костадиновска-Стојчевска која додаде дека СДСМ има предвидено 180 милиони евра помош за развој на македонските компании.
„Носиме 3,5 милијарди капитални инвестиции за напредок на економијата и отворање нови работни места“, вели Костадиновска-Стојчевска претставувајќи ја изборната програма во Изборната единица 5.
Костадиновска-Стојчевска, со носителот на ИЕ5, Јован Митревски и кандидатот за пратеник, Методија Илиевски, порача дека Владата предводена од СДСМ заедно со бизнис секторот ја преброди економската криза и дека сега имаме нови предизвици пред нас – повисок стандард и побогат живот за нашите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Шуто Оризари, Сарај и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 10.30 часот дел од корисниците од ул. Брсјачка Буна, Демирхисарска и Пелагонија (општина Шуто Оризари)
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците во с,Кондово кај пумпата за водовод (општина Сарај)
· во периодот од 10.00 до 13.00 часот дел од корисниците од ул.Михаил и Ефтихиј и ул.Георги Димитров (општина Кисела Вода)
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Денеска во попладневните часови и во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.
Македонија
Министерот Муцунски домаќин на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Скопје го пречека министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, кој во рамки на својата работна турнеја на Западен Балкан ја оствари првата официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата министерот Муцунски изрази задоволство од посетата, потенцирајќи дека таа уште еднаш ја потврдува важноста што Германија ѝ ја придава на регионот на Западен Балкан, а особено на нашата држава. Посетата претставува јасна потврда за силната германска поддршка на европската перспектива на регионот.

Двајцата министри го поздравија интензивниот политички дијалог на високо ниво што двете земји го развиваат повеќе од три децении. Се согласија дека сеопфатната билатерална соработка во сите сектори претставува цврста основа за понатамошно интензивирање на дијалогот и развивање нови форми на партнерство.

Министерот Муцунски се заблагодари за континуираната и недвосмислена германска поддршка на евроинтегративниот процес на нашата земја. Тој го информираше министерот Вадефул за актуелните активности поврзани со европската агенда, реформските процеси, регионалната соработка и добрососедските односи, при што ја потврди силната посветеност на Владата кон спроведување на реформите и напредокот на патот кон членство во Европската унија.

Министерот Вадефул увери дека Германија останува силен поддржувач на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија, вклучително и на нашата држава. Тој нагласи дека целосната европска интеграција на регионот претставува најсилен гарант за долгорочна стабилност, мир и просперитет во Европа.

