Свет
Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер
Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта.
Американската централна команда (CENCOM) преку соопштение на платформата „Х“ соопшти дека е оштетен танкерот со нафта „МВ Андромеда Стар“, како и дека проектил паднал во близина на друг брод „МВ Маиша“, но не го оштетил.
Хутите од ноември минатата година напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со ракети и беспилотни летала како знак на, како што велат, поддршката на палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Провалници упаднале во станот на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини
Провалници упаднале во станот на италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт Матео Салвини во неделата вечерта, соопшти денеска полицијата.
Разбојниците не успеале да го отворат сефот во домот на Салвини во Рим, изјавиле извори за Анса.
Се уште не се знае дали успеале да украдат други предмети.
Свет
Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетанјаху за наводни воени злосторства
Меѓународниот суд на правдата побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за наводни воени злосторства, објави „Ројтерс“.
„Постојат разумни основи да се верува дека израелскиот премиер Нетанјаху сноси кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече обвинителот на Меѓународниот суд на правдата.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
Радослав Драгијевиќ (70), татко на Дејан Драгијевиќ (50), кој заедно со својот колега Срѓан Јанковиќ (50) е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор, двомесечниот притвор во кој беше задржан за кривичното дело помагање на сторителот завршува на 29 мај по стореното кривично дело, а на крајот на мај ќе биде пуштен на слобода, објави српски „Блиц“.
Како што изјавиле за „Блиц“ од Вишото јавно обвинителство Заечар, за ова кривично дело нема законска можност за продолжување на притворот, а се очекува Радослав Драгијевиќ да биде ослободен на 29 мај.
Од Обвинителството известиле дека ќе предложат и продолжување на притворот за главните осомничени Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.
Данка Илиќ беше убиена на 26 март годинава. За ова дело се осомничени Дејан Драгијевиќ од Злот и Срѓан Јанковиќ од Лука, двајцата работници на ЈКП „Водовод“ од Бор, кои се во притвор.
Во полиција беше приведен и братот на Дејан, Далибор Драгијевиќ, кој почина во полициската станица во Бор.