Спорт
(Видео) Њујорк дојде до меч топка – Брансон ја декласира Индијана

Њујорк Никс дојдоа на чекор до пласман во финалето на Истокот, прво за нив по 2000 година. Никс поведоа со 3:2 во серијата против Индијана Пејсерс, откако во петтиот меч го декласираа противникот со 121:91.
Најзаслужен за тоа беше Џејлен Брансон, кој постигна 44 поени. Петти пат во плеј-офот леворакиот кошаркар постигна 40+ поени.
„Сè уште ни треба една победа за да не можам да се возбудувам премногу. Мора да разбереме дека не е готово, да останеме фокусирани на исполнувањето на целта. Ако летате малку во оваа лига, ќе бидете исфрлени“, резервиран остана тренерот на Никс, Тим Тибодо.
Шестиот натпревар е закажан за ноќта меѓу четврток и петок во Индијанаполис, а евентуалниот седми натпревар би се играл во недела навечер, по наше време, во „Медисон Сквер Гарден“.
Џош Харт постигна 18 поени и 11 скока, Алек Буркс имаше и 18 поени, додека сигурно решение се покажа Дис Мекбрајд кој го замени замени повредениот О-Џи Ануноби во стартната петорка, тој постигна 17 поени.
Индиспонираните Пејсерс повторно не ги добија очекуваните бројки од нивниот лидер Тајрис Халибартон, кој во овој плеј-оф наизменично пружа фантастични и просечни партии. Овој пат беше далеку под своето ниво: 13 поени, два скока и пет асистенции.
Најефикасен кај Пејсерс беше Паскал Сијакам со 22 поени, осум скока и две асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Навивачи на Шкендија наместо молк за жртвите од Кочани, пееја и исвиркуваа

Натпреварот меѓу Шкендија и АП Брера од Струмица го одбележа недолична сцена на почетокот на мечот кога домашните навивачи решија наместо да ја испочитуваат предвидената минута молчење во чест на фудбалерот Андреј Лазаров и останатите жртви од трагедијата која се случи во Кочани, пееја, скандираа и исвиркуваа, со што предизвикаа голем револт во целата држава.
Поради нечовечкиот однос на навивачите на Шкендија кои за време на минута молк за жртвите од Кочани пееја песна за УЧК, тетовскиот клуб може да добие голема казна од 4 до 12 натпревари без присуство или суспензија на теренот, односно играње надвор од Тетово, како и парична казна од 5.000 евра. Фудбалската федерација на Македонија веројатно ќе отвори дисциплинска постапка поради овој потег, а одговорноста паѓа на сметка на ФК Шкендија.
Спорт
(Видео) Тренер тргна да се пресмета со судијата, доби нокаут со еден удар

Неверојатна ситуација во Перу – судија со удар во глава нокаутираше тренер.
Инцидентот се случи во 82. минута од натпреварот од Купот на Перу помеѓу Спорт Хуакила и Магдалена де Седеко, при водство на домашните со 2:1.
Еден од членовите на гостинскиот стручен штаб се втурна кон судијата Луис Алегре со пластично шише во рацете, но неговиот ентузијастички испад брзо беше прекинат.
• Durante la Copa Perú, el árbitro Luis Alegre iba a expulsar a un jugador del club que iba perdiendo, cuando entró un miembro técnico con botella en mano y le propinó una patada además pic.twitter.com/DgCD1FcuOS
— ☩ 𝓒𝓻𝓾𝔁 𝓥𝓲𝓷𝓬𝓲𝓽 ✠
(@CruxVincit) March 31, 2025
Неименуваниот поединец стана видно дезориентиран на земја по неколку моменти. Фудбалерите на Магдалена го опколија и го тргнаа од центарот на вниманието, за да го спасат од поголеми последици.
Полицијата поради немилите сцени била принудена да интервенира, а играта била прекината до понатамошно известување.
На почетокот на февруари, натпревар од врвот во Аргентина беше прекинат откако линиски играч беше удрен со столб од публика.
Спорт
Незабележан интерес во Дортмунд за гостувањето на Барселона

Огромен е интересот кај навивачите на Борусија Дортмунд за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Барселона.
Првиот меч е закажан за среда, на 9. април, во Барселона, а реваншот е шест дена подоцна на стадионот „Сигнал Идуна Парк“.
Клубот од Дортмунд објави дека досега присмил повеќе од 300.000 барања за билети, но на многумина тоа задоволство ќе им биде одбиено.
Капацитетот на стадионот на Борусија Дортмунд е 81.365 гледачи, што значи дека лесно би можеле да распродадат четири стадиони.
Борусија најави дека поради огромниот интерес билетите ќе ги дели преку ждрепка.
За потсетување, минатата сезона Дортмунд играше во финалето на Лигата на шампионите и загуби на „Вембли“ од Реал Мадрид (2:0).