Црна хроника
Градоначалник трошел општински пари за време на избори, доби кривична пријава
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори, по член 165-в од Кривичниот законик, информираат од МВР.
„Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195.000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година. Имено, пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возел иако имал забрана: уапсен стружанец
Вчера во 09:40 часот на ул. „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Ф.(48) од Струга.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека А.Ф. го управувал возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: ја претепал сопругата
Синоќа во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(52) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

