Македонија
За неколку дена Силјановска-Давкова ќе ја има првата посета во странство

За неколку дена, односно на 23 мај, претседателката Гордана Силјановска-Давкова ќе ја има првата посета во странство. Тој ден ќе биде примена од Папата Франциск во Ватикан, а следниот ден во Рим ќе присуствува на чевствувањето на светите браќа Кирил и Методиј.
Силјановска-Давкова ќе ја посети базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и базиликата Санта мариа Маџоре каде се наоѓа плочата испишана на македонски јазик. За време на престојот во Рим, претседателката ќе биде примена од претседателот на Италија, Серџо Матарела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Тренчевска: Животниот стандард на граѓаните е на дното, сите пратеници да го поддржат законот на СДСМ за покачување на платите до 15.000 денари

Животниот стандард на граѓаните е на дното. Цените растат, а платите тапкаат во место. Власта одбива да ги покачи платите и работниците ги држи со најниски плати во регионот, истакна на прес-конференција Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.
Потсети дека потрошувачката кошница во февруари 2025 достигна 63.773 денари, и за 100 евра е зголемена во споредба со лани.
Според неа, две минимални плати не се доволни за да се покријат основните месечни трошоци на едно семејство.
„И наместо покачување на платите, покачување на минималната плата и грижа за стандардот на народот, власта ги турка погрешните политики на ДПМНЕ“.
За прв пат, вели пратеничката на СДСМ, минималната плата е договорена без социјален дијалог, без учество на синдикатите.
„Резултатот? Покачување од срамни 1.800 денари, далеку од потребното и далеку од она што го заслужуваат работниците. Истовремено, власта не го почитува ниту општиот Колективен договор – не ги зголемува платите во јавниот сектор за предвидените 12,5%. Додека народот се дави во сметки и трошоци, ДПМНЕ троши за папаја, манго, рејтинзи и медиумски мониторинг. За само девет месеци, оваа влада покажа што ѝ е важно – неработниците, туку бизнис интересите и личниот Пи-Ар.
СДСМ не отстапува, нагласи Тренчевска.
„Ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати за работниците. На денешната собраниска седница е Законот за ослободување од плаќање придонеси за зголемени плати поднесен од СДСМ.
Со оваа мерка платите може да се зголемат од 3.000 до 15.000 денари,
Компаниите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси за зголемениот дел,
400.000 работници со плата до 65.380 денари ќе добијат повисоки примања.
Ова е ударна економска мерка за поголеми плати – за работниците, за стопанството, за економијата“.
Ги повика сите пратеници кои се на страната на граѓаните, на страната на работниците, да гласаат и да го поддржат ова законско решение.
Македонија
Во Козле, во „8 Септември“ или во странство ќе одат на рехабилитација пациентите со потешки повреди, кои следната недела ќе почнат да се враќаат

Во текот на оваа недела од лекување во странство најавено е дека ќе се враќаат пациентите што се целосно закрепнати, но од следната недела ќе почнат да се враќаат и оние со потешки повреди за кои ќе треба рехабилитација. Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека разгледуваат повеќе можности за продолжување на нивното лекување по враќањето од болниците во кои беа прифатени за досегашниот третман.
„Оваа недела очекуваме полесните пациенти да се враќаат, тие што се рехабилитирани комплетно. За потешките пациенти ќе разговараме од идната недела. Имаме неколку опции, да го адаптираме ковид-центарот во ‘8 Септември’, Центарот за рехабилитација во Козле исто така е подготвен со повеќе кревети, меѓутоа имаме понуди и за надвор од државата за оние што би биле рехабилитирани подолгорочно, се разбира, без трошоци за државата. За тоа ќе зборуваме од идната недела кога ќе се најавуваат потешките пациенти“, рече министерот Таравари.
Тој утрово извести дека од вкупно 193 повредни во пожарот во дискотеката во Кочани, досега 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување, а во болниците кај нас и во странство се лекуваат уште 100 пациенти. Од нив, 20 се во болниците кај нас, а 80 сè уште се на лекување во странство.
Денес, за враќање дома се најавени двајца пациенти, еден од Полска и еден од Белгија.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Кога последен пат бил уапсен член на обезбедување на премиер?

„Разбираме дека после се што и направија на Македонија, тешко е СДС да ја сфати борбата против криминалот. Но, нема милост за криминогените, дали бил член на СДС, член на ВМРО-ДПМНЕ или обезбедување на премиерот. Законот за сите подеднакво ќе важи. Кога последен пат бил уапсен член на обезбедување на премиер? А ќе потсетиме дека Заев и СДС го имаа „Сашо ќе пукам“, потоа премиерски телохранител со потекло од струмичко, со по неколку пријави за тешко насилство, кои поминуваа нечепнати, ниту одговараа пред законот“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Наместо да ја поздрават акцијата на МВР, да научат како државата мора да ги победува тие кои ја злоупотребуваат, СДС како дете на кое ништо не може да му се погоди само реагираат колку да кажат нешто, а во недостаток на автентична политика и конкретни и реални решенија. На СДС не му сметаше тоа што ДУИ владееше со улиците во Скопје и што заедно со мафијашките кланови, кои сега се зад решетки, хараа и уништуваа животи низ главниот град преку рекети, дрога, убиства, лихва, тогаш СДС молчеше и соработуваше со нив, но сега им смета тоа што се апсат сите кои несовесно се однесуваат со службата.
Вакво лицемерите ниту имало ниту ќе има. Токму затоа и поддршката на СДС е нецели седум проценти. Ако не апси МВР лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ, тогаш СДС обвинува за селективност, ако апси МВР блиски до ВМРО-ДПМНЕ, тогаш СДС обвинува друго. Човек крај не може да им најде на овие луѓе. Но, тоа нема да не поколеба да водиме бескомпромисна борба против корупцијата и злоупотребите, што е рак рана на македонското општество и што како начин на однесување е сериозен проблем за институциите, надграден и усовршен од СДС и нивното последно 7 годишно владеење“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.