Црна хроника
71-годишен пензиониран готвач кој работел за дневница на прослава е загинатиот во лифт
Седумдесет и едногодишниот В.П. од Штип е починатиот кој вчера настрада во несреќа со лифт. Според неофицијалните информации кои ги пренесоа дел од медиумите, тој бил пензиониран готвач кој работел за дневница и непријавен на прослава во хотелот во кој се случила трагедијата. Во лифтот се носела храна, а кога се случила несреќата заедно со В.П бил и Т.О. (56) од Штип. Тој е тешко повреден,а работел како келнер на истата прославата.
Од МВР денеска информираат дека во 16:24 часот во штипската полиција е пријавено дека во хотел, при извршување на работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле В.П.(71) и Т.О.(56), двајцата од Штип.
„Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што В.П. им подлегнал на повредите. Увид извршиле полициски службеници при СВР Штип, а на местото излегол трудов инспектор“, велат од МВР.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со четирицикл удрил во ѕид од куќа: тешко повреден скопјанец
Ноќеска во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4“ во с.Стајковци, скопско, Г.Р.(71) од Скопје, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Охриѓанец го претепал татка си
Синоќа во 21:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Б. од Охрид во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени двајца тетовци: истепале полицајци, а кај едниот пронајдена марихуана
Денеска во 00:30 часот на улица „Христијан Тодоровски Kарпош“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода М.Л.(33) и Х.Ш.(24), двајцата од Тетово, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија и зато ашто при преглед кај нив, кај М.Л. е пронајдена марихуана.
Потоа, во куќата и помошни простории на М.Л., со негова дозвола, извршен е претрес, при што се пронајдени 18 марихуана.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 215 и член 383 од Кривичниот законик.

