Свет
(Видео) Илјадници луѓе на погребот на загинатиот претседател на Иран, но има и такви што ја слават неговата смрт

Почнаа обредите за погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште седуммина загинати во хеликоптерската несреќа, јавува Би-би-си. Првата церемонија е во Табриз во северозападниот дел на земјата, регионот во кој се случи несреќата во неделата.
Илјадници луѓе излегоа на улиците на Табриз да го оплакуваат претседателот Раиси.
Телото на Раиси се очекува да биде погребано во неговиот роден град Машхад в четврток.
Неделата на жалост ќе биде тест за иранските конзервативни лидери, кои сакаат да испратат јасен и убедлив сигнал за континуитет, оценува Би-би-си.
Британската мрежа наведува дека не сите во Иран жалат за смртта на претседателот и дека многумина „ја прославија неговата смрт на социјалните мрежи“.
Иранците се собираат во градовите во земјата за да му оддадат последна почит на Раиси. Тој загина заедно со министерот за надворешни работи на земјата кога хеликоптерот што со кој леташе се урна во планински регион во северозападниот дел на Иран.
Во понеделникот, врховниот лидер на Техеран, ајатолахот Али Хамнеи, објави петдневна жалост. Откажани се и студентските испити.
Во тек се подготовките за организирање на претседателските избори, кои ќе се одржат на 28 јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски вели дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск.
– Нашите сили ги продолжуваат активните одбранбени операции во одредени подрачја на (руските) области Курск и Белгородск, истакна Зеленски.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави Курск е целосно ослободен.
Русија повторно воспостави контрола над Курск. Авантурата на режимот на Киев целосно пропадна, изјави вчера Путин.
Претставници на украинската армија вчера ги демантираа тврдењата на Путин и на Генералштабот на руската армија дека Курск е ослободен.
Свет
Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина

Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.
Воздухопловните сили објавија на Телеграм дека украинските сили собориле 66 руски беспилотни летала во текот на ноќта.
Во голем број украински региони е прогласена воздушна опасност поради лансирање руски беспилотни летала, вклучувајќи ги Полтавската и Харковската област, Одеса, Киев, Суми, Чернигов, Днепропетровск и Запорожје
Свет
Од денеска за верниците се отвора гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Од денеска гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан.
Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера во гробница одвоена помеѓу две капели во римската базилика, по церемонија на жалост одржана во Ватикан. Церемонијата на поставување на ковчегот траеше околу половина час.
На погребот во базиликата Санта Марија Маџоре присуствуваа само најблиските, а едноставниот, дрвен ковчег на папата беше пречекан со ѕвона.
На мисата во Ватикан, според официјалните податоци од Ватикан, присуствуваа околу 250.000 луѓе, како и 170 странски делегации. Меѓу нив имаше шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, политичари од Италија и други земји, интелектуалци, уметници. Подоцна, италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози изјави дека најмалку 400.000 луѓе присуствувале на погребот на папата Франциск, собрани на плоштадот „Свети Петар“ и по улиците на Рим.
Целиот настан го следеа околу 2.700 акредитирани новинари.