Свет
„Политико“: Украина, најверојатно, ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ во јуни

Целта на Европската Унија (ЕУ) е да ги почне официјалните преговори за пристапување на Украина и Молдавија веќе на 25 јуни кога се одржува самитот на Европскиот совет, изјавија за бриселски „Политико“ неименувани дипломати од Брисел.
Кога лидерите на ЕУ ги отворија вратите за Украина и Молдавија во декември, потегот беше поздравен како прв чекор во историското проширување на Унијата, пишува во објава на „Политико“ и се додава:
„Официјалното зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ би било голем поттик за Украина, која е во третата година од војната“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.
Свет
Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад врз Киев, меѓу оние кои починаа има и дете

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот град Киев за време на голем руски напад врз земјата во текот на ноќта.
„Според ажурираните податоци, досега 13 лица се повредени (вклучувајќи едно дете) и четворица починаа (вклучувајќи едно дете) како резултат на нападот врз Киев“, изјави Тимур Ткаченко, началник на Воената администрација на градот Киев, на Телеграм.
Ткаченко додаде дека е предизвикана штета на неколку станбени и нестанбени згради во областите Дарницки, Свјатошински, Соломијански, Холосиевски и Днепровски, вклучувајќи го и кардиолошкиот институт. Гувернерот на регионот Киев, Микола Калашник, изјави дека најмалку 28 лица, меѓу кои и три деца, се повредени во регионот околу главниот град.
„Четири лица се хоспитализирани во регионалните болници, тројца возрасни и едно дете. Сите се хоспитализирани во умерено сериозна состојба“, додаде Калашник.
Украинските воздухопловни сили тврдат дека воздушната одбрана соборила 568 од 595 дронови, како и 43 од 48 различни видови ракети лансирани од Русија преку ноќ, а главна цел бил Киев.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди западна Турција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди денеска западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил во 12:59 часот по локално време и бил на длабочина од девет километри, според податоците објавени на веб-страницата на ЕМСЦ.
Според податоците од Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во областа на градот Симав во округот Ќутахија.
Земјотресот, кој бил почувствуван и во соседните области, бил на длабочина од 8,4 километри, соопшти AФАД.