Свет
Аналитичари: Признавањето на Палестина е петти бран од цунамито што го погоди Израел и има домино-ефект
Политичките аналитичари едногласно се согласија дека немаше да има признавање на државата Палестина од трите европски земји да не беа непоколебливоста и отпорот на палестинскиот народ, а некои го опишаа како петти бран од цунамито што го погоди Израел од 7 октомври минатата година.
Според генералниот секретар на Палестинската национална иницијатива (ПНИ), Мустафа Баргути, норвешкото, шпанското и ирското признавање на Палестина е одраз на она што се случува на глобалната улица, а неговата вредност лежи во фактот што палестинската земјa е под окупација и сите израелски мерки на неа, како што е насилното присвојување на земјиштето во Ерусалим и на Западниот Брег, немаат никаква вредност.
Тој изрази надеж дека ќе се зголеми меѓународниот притисок за запирање на геноцидот во Газа опишувајќи ја позицијата на Соединетите Американски Држави за признавањето на Палестина како лицемерна бидејќи разбираат дека Израел одбива да седне на преговарачка маса.
Тој очекува светот да се движи кон целосна меѓународна поларизација, во која Израел и Америка ќе бидат на едната страна. Тој посочува дека секоја спротивна изјава на САД е покритие за вистинската позиција на Вашингтон, со оглед на неговата поддршка за израелската воена операција во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.
Баргути смета дека европското признавање е втор удар за Израел во рок од 48 часа по барањето на Меѓународниот кривичен суд за налог за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговиот министер за одбрана, Јоав Галант.
Тој ја нагласи потребата да се комбинира палестинската непоколебливост на теренот и да се мобилизира народната солидарност во целиот свет и изрази уверување дека следниот удар за Израел ќе биде голема и сеопфатна ескалација на бојкотите и воведување санкции против Израел.
Раид Наират, професор по политички науки на палестинскиот Универзитет „Ан-Наџа“, рече дека европското признавање на Палестина е нов бран цунами за Израел, што следуваше на 7 октомври, покрај протестите на меѓународните универзитети, одлуката на Обединетите нации, Генералноto собрание и тужби пред меѓународните судови и кривичните судови.
Има три важни димензии на ова признание, вели Наират. Првата е дека доаѓа од Норвешка, која го водеше мировниот процес меѓу Палестинците и Израелците, па неговото признавање се смета за камен-темелник, а овој чекор укажува на целосен неуспех на израелската политика.
Признавањето исто така го означува вознемиреноста на израелската политичка елита кога Тел Авив вели дека ќе воведе санкции за земјите што ја признаваат Палестина, што е сосема спротивно од реалноста.
Членот на ирскиот парламент, Ричард Бојд Барет, се надева дека признавањето на Палестина ќе го зголеми притисокот врз европските влади да се откажат од нивната неморална поддршка за Израел, што се рефлектира во неговото вооружување и обезбедување економска помош, како и други форми на поддршка, поради нејзините политики на апартхејд и етничко чистење.
Според Барет, признавањето дошло поради отпорот на палестинскиот народ кон окупацијата и поради народниот гнев и протестите во Ирска и европските земји, кои бараат поддршка за Палестинците.
Тој ја нагласи потребата од воведување санкции кон Израел од Ирска и европските земји и покрај тоа што Тел Авив тврди дека ќе возврати бидејќи врши злосторства. Тоа укажува дека санкциите мора да бидат реални, а не симболични, како што е прекинот на трговските и дипломатските односи.
Ирскиот парламент очекува дека на Норвешка, Шпанија и на Ирска ќе им се придружат и други европски земји, како Малта, Словенија и Кипар, поради зголемениот притисок на јавноста. Тој изразува надеж дека ефектот од признавањето ќе биде домино-ефект, дека ќе биде придружен со санкции и мерки против Израел, со цел да се изолира економски, политички и дипломатски, сметајќи го за одговорен за геноцид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

