Свет
(Фото) Британски министер ги соблече чевлите и чорапите во воз, ќе мора да оди на разговор кај премиерот
Британскиот министер за ветерани, Џони Мерсер, им порача на луѓето да одраснат откога фотографијата на која седи бос во воз за Лондон стана вирална на социјалните мрежи.
Фотографијата прв ја објави „Тајмс“, а Мерсер наводно го фотографирал еден од патниците. Фотографијата е направена на 6 мај, но почна масовно да се шири дури во последните неколку дена.
Exclusive
No10 needs to stop trying to “placate” Rishi Sunak and instead give airtime to more popular colleagues like Kemi Badenoch and Penny Mourdant, Cabinet minister Johnny Mercer wrote in a private memo 🧵
Story w/ @Steven_Swinford @Geri_E_L_Scott https://t.co/bCVfKneM1X pic.twitter.com/82KNTr2ILZ
— Peter Chappell (@p_j_chappell) May 21, 2024
Корисниците на социјалните мрежи го критикуваа министерот што ги соблекол чевлите и чорапите во јавниот превоз, но тој инсистира дека не направил ништо лошо.
„Значи, некој чудак отиде наоколу и го фотографира мојот лаптоп додека читав приватни пораки. Чевлите и чорапите ми беа соблечени затоа што штотуку поминав со велосипед преку Дартмур на дождот. Убијте ме веднаш. Или одраснете“, рече Мерсер.
Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак на новинарско прашање одговори дека не е во ред да се соблечете во воз. Тој најави дека Сунак ќе разговара со својот министер за случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
За една недела тројца исчезнати туристи пронајдени мртви на грчките острови
За само една недела тројца исчезнати туристи се пронајдени мртви на грчките острови, јавија грчките медиуми. Турист од САД кој исчезна на островот Матраки вчера е пронајден мртов како трет во изминатата недела, јавува грчката телевизија Скај њуз.
55-годишен маж исчезна од својот хотел на грчкиот остров Матраки во Јонското Море минатиот вторник, а 74-годишен маж од Холандија беше пронајден мртов на островот во саботата.
Британскиот ТВ водител д-р Мајкл Мозили беше пронајден мртов на егејскиот остров Сими пред една недела. Тој очигледно паднал по стрмна падина, изјави градоначалникот на Сими, Лефтерис Папакалодукас за Sky News.
Според грчките медиуми, во Грција моментално се водат како исчезнати уште неколку туристи.
Американски турист, 59-годишниот Алберт Калибет, исчезна на егејскиот остров Аморгос додека планинареше, а операцијата за потрага по двајца исчезнати француски туристи продолжува на егејскиот остров Сикинос.
Во соопштението на грчките власти се наведува дека спасувачката мисија ќе користи доброволци, пожарникари и ќе регрутира дополнителен полициски тим од блискиот остров Иос.
Свет
Шест лица загинаа во свлечиште во Еквадор, 30 се водат за исчезнати
Најмалку шест лица загинаа, а 30 се водат за исчезнати во лизгање на земјиште во градот Банос де Агуа Санта во централен Еквадор, соопштија властите.
Свлечиштето е предизвикано од силно невреме кое во неделата ги зафати Централна и Јужна Америка, а предупредувања за лизгање на земјиштето и поплави беа издадени во повеќе земји, пренесува Ројтерс.
Властите во Ел Салвадор издадоа предупредување поради обилните врнежи, а во Гватемала неколку авиокомпании ги пренасочија летовите.
Свет
Јенс Столтенберг: НАТО размислува да стави нуклеарно оружје во состојба на готовност
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за отстранување на нуклеарното оружје од складиштето, негово распоредување и подготвеност, наведувајќи дека транспарентноста во овој случај е одвраќање.
„НАТО разговара за распоредување на повеќе нуклеарно оружје во услови на растечка закана од Русија и Кина“, изјави Столтенберг за британски Телеграф.
Според него, Алијансата мора да го покаже својот нуклеарен арсенал за да испрати директна порака до своите противници.