Спорт
Официјално: Венсан Компани е нов тренер на Баерн

Венсан Компани, поранешниот менаџер на англискиот премиерлигаш Барнли, е назначен за нов тренер на Баерн Минхен.
Договорот со 38-годишниот Белгиец е потпишан на три години, до летото 2027 година.
Компани го наследи Томас Тухел, со кого Баерн заврши на третото место во Бундеслигата. За прв пат по 12 години, славниот клуб од Минхен не освои ниту еден трофеј во сезоната.
🗨️ Vincent Kompany: “Ich freue mich auf die Herausforderung FC Bayern. Es ist eine große Ehre, für diesen Club tätig sein zu dürfen – der FC Bayern ist eine Institution im internationalen Fußball.” pic.twitter.com/lJozy9UtPH
— FC Bayern München (@FCBayern) May 29, 2024
„Се радувам на предизвикот во Баерн. За мене е голема чест што го претставувам овој клуб – Баерн е институција на светскиот фудбал“, изјави Венсан Компани по повод именувањето.
Компани го донесе Барнли во Премиер лигата пред една година, но оваа сезона тие завршија на 19-то место и испаднаа. Белгиецот претходно беше тренер на Андерлехт.
„Сакам кога мојот тим ја има топката, кога е креативен, но мораме да бидеме агресивни и храбри на теренот. Се радувам за работата со играчите и процесот на градење на тимот. Кога има основа, доаѓа успехот“, изјави Компани за официјалниот сајт на Баерн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Договорено: Еламс се враќа во Наполи

Елиф Елмас по 18 месеци се враќа во Наполи. Трансфер инсајдерот, Фабрицио Романо, објави дека Наполи и Лајпциг ги договориле сите детали околу трансферот. Елмас во градот под Везув се враќа на позајмица.
Елмас, пред 18 месеци од Наполи замина во Лајпциг за 24 милиони евра, сега се враќа во Неапол. Наполи ќе ја плати позајмицата со 1,5 милиони евра, а по завршувањето на сезоната за околу 12 милиони евра ќе може да го откупи договор на Елмас.
Она што е најважно за Лајпциг е што Наполи во целост ќе ја преземе платата на македонскит репрезентативец, која на годишно ниво изнесува три милиони евра.
Foto/ EPA
🚨🔵⚪️ Elif Elmas to Napoli, here we go! Deal in place for loan with buy clause as Elmas returns to Napoli from RB Leipzig.
Elmas has agreed immediately to the move weeks ago as he only wanted Napoli ahead of other options.
Back. 🔙🇲🇰 pic.twitter.com/GLanIUiVDJ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 28, 2025
Спорт
Шкендија во продолженијата остана без Лига Европа

Фудбалерите на Шкендија есенва ќе се натпреваруваат во главната фаза во Конференциската лига. Фудбалерите на македонскиот шампион, во Разград паднаа во продолженијата. Лудогорец во регуларните 90 минути победи со 2.1, а во продолженијата Бугарите постигнаа уште два гола за конечни 4:1.
Лошото прво полувреме, во кое на противникот му дозволија да упати 14 удари кон голот, од кои шест одеа во рамките на голот, ги чинеше фудбалерите на Шкендија поволен резултат. Два оф тие шетс удари завршија во голот во првите 24 минути. Куртулус и Чочев беа стрелци во деветтата и 24 минута.
Во вториот дел Шкендија се спротивцтави на вистински начин, во 64.минута Тамба постигна гол за 2:1. Гаје имаше нестварна интервенција во 87.минута, а во следниот напад Тамба не реализира во ситуација еден на еден.
Во дополнителните 30 минути, Лудогорец постигна два гола преку текпетеј во 98. и Биле во 122.минута.
Шкендија ждрепката за Конференциската лига ќе ја чека од петтиот шешир. Ждрепката е во петок од 13 часот.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Трансфер „бомба“ во Премиер лигата – Волтемаде во Њукасл за повеќе од 80 милиони евра

Итлијанскиот инсајдер Фабрицио Романо објави ексклузива дека Штутгарт ја прифатил понудата на Њукасл од 80 милиони евра, која со бонусите може да достигне 90 милиони, за германскиот напаѓач Ник Волтемаде (22).
Германскиот репрезентаивец е на пат кон Њукасл, кога ќе ги заврши медицинските тестови ќе потпише договор со „страчките“.
Напаѓачот висок 198 сантиметри, кој се покажа како вистински кошмар за стоперите минатата сезона, има закажан лекарски преглед за утре, а британските медиуми истакнуваат дека ова е шокантен развој на настаните со оглед на тоа што напаѓачот беше поврзуван со Баерн поголемиот дел од летото.
Оваа сезона, тој одигра два натпревари за Штутгарт, по еден во Купот и првенството, и постигна еден гол.
Волтемаде беше цел на Баерн во текот на целото лето, но Штутгарт одби повеќе понуди вклучувајќи ја последната од 60 милиони евра, инсистирајќи на поголема сума.
Поради ова веста за понудата на Њукасл претставува пресврт во однос на претходната позиција на Штутгарт дека продажбата нема да се случи во овој преоден рок.
Доведувањето на Волтемаде многу веројатно ја отвора и вратата за трансфер на Александар Исак, кој штрајкува веќе неколку недели и тренира одделно со цел да го напушти клубот и да се приклучи на Ливерпул, актуелниот шампион на Англија.
Foto/ EPA/ANNA SZILAGYI