Црна хроника
Измамени охриѓани: лажни службени лица им барале пари и ги убедувале дека членови на нивни семејства направиле сообраќајни несреќи
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е. И. В. (58) од Република Бугарија и А. Т. (41) од Охрид.
Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година Е. И. В. и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни незгоди во кои имало жртви.
Доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им барале пари со цел да ги ослободат од затворски казни по што А. Т. одел на средба со оштетените, ги земал парите и во соседна земја ѝ ги предавал на Е. И. В.
На овој начин тие извршиле три кривични дела, со што стекнале вкупна противправна имотна корист од 1.894.983 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични против пет малолетници од Скопје за „разбојништво во обид“
СВР Скопје поднесе кривична пријава против пет малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“, извести МВР.
„На 28.02.2024 во Градскиот парк во Скопје, пријавените му побарале пари на Ф.П.А. и се обиделе насилно да му го одземат паричникот“, соопшти МВР.
Црна хроника
Шест работници од Непал избегале од местото каде што престојувале, случајот го пријавила скопјанка
Вчера во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, 36-годишната В.Д. од Скопје пријавила дека шест лица-работници на возраст од 24 до 27-годишна возраст од Непал, кои работеле во приватна фирма, се оддалечиле од местото каде што престојувале, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Црна хроника
Кривична против 44-годишник од Требош, го истепал и повредил својот татко
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 44-годишниот Р.А. од село Требош, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство, извести МВР.
„На 07.04.2024 во близина на семејниот дом во с.Требош, пријавениот без повод и причина, физички го нападнал неговиот татко, нанесувајќи му повреди“, соопшти МВР.