Црна хроника
Малолетник прегазил момче со мотор во училишниот двор во Валандовско

Несреќата се случила во вторникот околу 13 часот и 30 минути во Валандово, при што е повредено дете од село Пирава.
Имено како што информираа и од МВР, во Полициската станица Валандово, било пријавено дека во двор на основно училиште во Валандово мотоцикл управуван од малолетник од Валандово удрил во малолетен пешак од село Пирава , Валандовско.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во здравствениот дом Валандово.
Поради сериозноста на повредите, детето било пренесено во здравствениот дом во Валандово.
Во овој момент не се знае точно како дошло до несреќата и зошто малолетникот го управувал моторот во училишниот двор.
Полицијата извршила увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработената како референт од Куманово издавала и регистарски таблички без да изврши наплата, МВР со нови детали за случајот

Вработената како рефернт во Одделението за управни работи Куманово која одобрувала регистрација на возила без исполнување на техничките услови, го оштетила буџетот за 417.500 денари, соопшти МВР.
Според новите детали од полицијата за овој случај, вработената со иницијали М.П. издавала регистарски таблици и платливи обрасци без да им изврши наплата, односно без да и бидат приложени уплатници за извршена уплата или непосредно да изврши наплата преку службениот Пос Терминал со банкарската картичка.
„Пријавената М.П., иако била свесна и знаела дека не се исполнети законски пропишаните предуслови, несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, без претходно да ја запази процедурата за регистрација на возила, со што нанела материјална штета на буџетот на МВР во износ од 417.500 денари“, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.П. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
Топ
Случаен минувач го нашол изгубеното 6-годишно девојче од Куманово, по грешка се качило во автобус за Скопје

Полицијата во Гази Баба информираше дека е пронајдено шестгодишното девојче од Куманово кое вчера од страна на неговата мајка беше пријавено за исчезнато.
Од кумановската полиција велат дека дека детето наместо во градски автобус во Куманово, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје.
Според информаците, детето кое го згрешило автобусот на враќање кон домот, било најдено од случаен минувач.
Црна хроника
Приведени 13 албански државјани во Охрид: немале дозвола за работа

Вчера во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани.
Тие претходно биле затекнати при изведување градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа.
Од преземените мерки, било констатирано дека тие, на 14.04.2025 година, оствариле легален влез во државата но, не поседувале соодветни одобренија и дозвола за привремен престој по основ на работа, согласно член 80 од Законот за странци. Тие немале ни сертификати кои биле обврзани да ги поседуваат согласно со предвидените норми за имплементацијата на Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан.
По целосно документирање на настанот, Регионалниот центар „Запад“, ќе поднесе соодветна пријава, соопшти полицијата.