Спорт
Терзиќ: Тие имаа инстинкт на убиец, а ние не
Борусија Дортмунд не успе да ја освои втората титула во Лигата на шампионите. „Милионерите“, во своето трето финале го доживеаја вториот пораз, останаа на трофејот од 1997 година. Борусија, синоќа во Лондон доживеа пораз од Реал Мадрид 0:2.
Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, изјави дека неговите играчи одиграле одличен натпревар и откри зошто не победиле.
„Мислам дека одигравме одличен натпревар, можеби заслуживме подобар резултат од 0:2. Имавме чувство, особено во првото полувреме кога ги контролиравме. Игравме против најсилниот тим во ова натпреварување и одигравме брилијантно. На сите им покажавме дека дојдовме да победиме во финалето. Затоа и разочарувањето е толку големо. Направивме многу добри работи. Единствената разлика е во тоа што тие имаа инстинкт на убиец, а ние не“, изјави Терзиќ за камерите на државната телевизија ЗДФ. ЗДФ.
„Не ги искористивме ситуациите во кои вршевме притисок. Затоа пак се шампиони. Имавме чувство дека сме во добра позиција, дека играме избалансирано и дека сме многу блиску до целта. Донесовме 100.000 луѓе со нас во Лондон со верба дека можеме да победиме“, заклучи Терзиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милевски и Барди: Македонија се прашува за првото место во групата
Извор/ ffm.mk
Фудбалската репрезентација на Македонија, утре ќе го одигра натпреварот од третото коло во Лигата на нации против Летонија. Во пресрет на натпреварот, во Рига, прес конференција одржаа селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди.
„Летонија има максимален респект од нас. Потенцирам дека Македонија ќе се прашува за првото место во групата.
Ќе ни недостасуваат Зајков и Серафимов, кои имаат картони, но и Чурлинов и Трајковски, кои се повредени. Сепак, сите кои се во комбинација за настап ќе одговорат на предизвикот и на тоа што се очекува од нив.
Размислувам за повеќе опции за стартниот тим, верувам дека сите останати ќе бидат здрави и ќе се стават во функција на тимот. Пред почетокот на натпреварот ќе одлучам со кои играчи ќе настапиме.
Македонија која јас ја замислувам секогаш ќе се стреми да игра на победа. Овие момци ја добиваат и ја заслужуваат целата почит. Без разлика дали играат во своите клубови или не, го даваат својот максумум кога играат за Македонија“, рече селекторот Милевски.
Капитенот Енис Барди го дели оптимизмот на селекторот во пресрет на утрешниот меч.
Барди беше дел од претходниот дуел на Македонија против Летонија во септември 2019 година во квалификациите за Европското првенство. Нашиот капитен постигна гол во победата од 2:0 во Рига.
„Како и секогаш, одговорноста е кај сите нас. Јас ќе го дадам својот максимум, па дај Боже да биде како пред пет години. Помина грипот, добро се чувствувам и максимално сум подготвен за настап.
Кога играте под притисок за докажување, секогаш вадите од себе максимален квалитет. Притисокот треба секогаш да го чувствуваме и треба да најдеме начин да го дадеме најдоброто од себе“.
Спорт
ФА бара доживотна суспензија за Лукас Пакета
Ѕвездата на Вест Хем и репрезентативец на Бразил, Лукас Пакета би можел да добие доживотна суспензија поради вмешаност во скандал со обложување.
Пакета е официјално под истрага од 18. август 2023 година, а беше обвинет од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) на 23. мај 2024 година.
Иако Пакета тврди деја не е виновен, еден настан доведе до сериозен скандал по кој ФА побара доживотна казна за овој фудбалер.
Имено, според британските медиуми, откако телефонот му бил вратен по првичната проверка (која наводно траела околу осум недели), тој го фрлил уредот и купил нов, без да ги извести надлежните.
Истражувачкиот тим по неколку недели повторно се обидел да го земе телефонот на Пакета за да направи дополнителни анализи, но бил спречен во тоа, поради што Пакета е обвинет за „попречување на истрагата“ и несоработка со истражителите.
Пакета оваа сезона одигра седум натпревари за Вест Хем.
Спорт
Кампацо сепак ќе игра против Партизан
Челниците на Реал ја обжалија суспензијата од еден натпревар за Факундо Кампацо во Евролигата и Аргентинецот доби дозвола да игра против Партизан.
Дисциплинската комисија на Евролигата го прифати барањето на Реал Мадрид и со тоа плејмејкерот помина без санкција поради нападот врз судиите на мечот против Баерн.
Реал утре од 20.45 часот ќе го пречека Партизан во второто коло, во Евролигата.