Македонија
Американскиот амбасадор во Бугарија за македонско-бугарското прашање: „Не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство“
„Ние не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја кон соседните земји или заедници во земјата“, ова во интервју за бугарски медиум го изјави американскиот амбасадор во Бугарија, Кенет Мертен, запрашан за македонско-бугарското прашање.
„Ние не поддржуваме дијалог што промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја кон соседните земји или заедници во земјата. Ние ја осудуваме секоја дискриминација. Не мислиме дека тоа е добро за меѓусоседските односи или за односите меѓу разните заедници во одредена земја, важно е да не се заборави дека пред речиси две години беше потпишан договор меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, мислам дека овие земји (т.е. земјите од регионот), вклучително и Северна Македонија, мора да работат на остварување на критериумите за членство во Европската Унија“, коментира Мертен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Неколку општини во Скопје денеска без струја
Поради планирани прекини во електро дистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
– Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Тодор Чангов. (опш.Аеродром);
– Oд 08:30 до 12:00 часот, дел од корисниците од село Злокуќани. (опш.Карпош);
– Од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од Волково на ул.81, 79, 87, 91 (опш.Ѓорче Петров);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Архитекст Никола Добровиќ, Пушкинова. (опш.Аеродром);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Даме Груев, Мито Хаџивасилев Јасмин (oпш. Центар);
– Од 12:00 до 13:00 часот, Пумпна станица Шуто Оризари. (опш. Шуто Оризари).
Скопје
Посебен режим на сообраќајот во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Сончево време со температура до 25 степени
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот, ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени, јавува УХМР.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.