Свет
„Дејли мејл“: Путин загрижен за својот живот, не го соблекува панцирниот елек
Според последните информации од Кремљ, рускиот претседател почнал да носи панцири на јавни настапи бидејќи е загрижен за својот живот и стравува од атентат, пишува „Дејли мејл“.
Двајца руски функционери и извор близок до Кремљ изјавија за „Москва тајмс“ дека специјалните служби на земјата „до невиден степен ги засилиле и онака строгите безбедносни мерки околу претседателот Владимир Путин“.
Кремљ е во состојба на готовност поради војната во Украина, но и поради неодамнешните напади врз високи политичари во Европа и Азија.
Изворот исто така додаде: „Кремљ многу сериозно ја сфаќа безбедноста на Владимир Путин. Заштитен е од цела армија видливи и невидливи чувари“.
Во извештајот се тврди дека 71-годишникот го носи заштитниот елек на настани на отворено барем од почетокот на 2023 година.
Исто така, во пријавата е наведено дека тоа го прави по препорака на службата за обезбедување што го чува.
Извори, како што пренесува медиумот, потврдиле дека тој носел панцир под јакната на 9 мај на Црвениот плоштад додека настапувал на големата парада на Денот на победата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.
Свет
(Видео) Евакуиран аеродромот „Гетвик“, лондонската полиција го истражува безбедносниот инцидент
Лондонскиот аеродром „Гетвик“ е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да се држат настрана“ додека полицајците го истражуваат безбедносниот инцидент.
Голем дел од јужниот терминал на аеродромот е евакуиран, а на патниците им е забранет влезот, објави британскиот весник „Сан“.
❗️London Gatwick Airport’s South Terminal Evacuated Due To ‘Security Incident’
📹 @SportsProNick pic.twitter.com/1SD5Bi8Y7S
— RT_India (@RT_India_news) November 22, 2024
Од аеродромот соопштија дека евакуацијата била мерка на претпазливост додека полицајците истражуваат безбедносен инцидент.
И Амбасадата на САД во Лондон е затворена поради безбедносна тревога.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.